Вчера во 06.40 часот во Скопје на бул.„Мајка Тереза“ во ПМВ „Порше Каен“ со белгиски национални ознаки, две непознати лица извршиле разбојништво над С.К. (42) од Кичево.Сторителите се доближиле до возилото и го замолиле С.К. да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“. Откако се согласил, лицата влегле во возилото и кога стигнале во близина на училиштето лицето кое седело позади го фатило за рацете, а совозачот почнал да го удира со тупаници во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди на главата, носот и окото.
Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40.000 денари, неколку мобилни телефони и други лични предмети. Откако го сториле делото истите заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.Сторителите се доближиле до возилото и го замолиле С.К. да ги однесе до бул.„Мајка Тереза“. Откако се согласил, лицата влегле во возило