Разбудете се свежи: 10 чекори до тоа да станете утрински човек

Ретки се денес луѓето кои сакаат да стануваат рано. Од младо до стари сите се бунтуваме кога треба за нешто да се стане порано. Но, и тоа рано станување си има свои придобивки. Еве како најлесно да се претворите во утрински човек.1.Наспијте се
Сите патиме од прзото темпо на живот во модерното време, но тоа не значи дека треба да си го жртвуваме здравјето за деловен успех. На просечен човек му се потребни 7 до 9 часа спиење во еден ден. Доколу спиете колку што е потребно: ќе ја подобрите меморијата, ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја контролирате телесната тежина, ќе го намалите крвниот притисок, и ќе бидете порасположени и помалку под стрес.
2.Нека нема екрани во спалната
… Или барем сведете ги на минимум. Под ова се подразбира што помалку да го оставате вклучен телевизорот пред легнување, и да не си легнувате со лаптоп, таблет или мобилен телефон. Спалната треба да биде место исклучиво само за спиење и сексуални активности. Ако сакате да се одморите, штом влезете таму веднаш легнете си, не губете фреме на Фејсбук, Инстаграм и слични мрежи.
3.Легнете си да спиете кога сте уморни
Не занемарувајте ги телото и умот кога ви велат дека сте уморни. Најубаво е да си легнете навечер веднаш штом почуствувате замор. Борењето со заморот може да има спротивни ефекти од посакуваните. Може да направи да се чувствувате одморено додека лежите в кревет, и покрај тоа што навистина сте преморени.

 
4.Создадете си услови за заспивање и претворете ги во рутина
Обидете се, на пример, штом се измиете, седнете на кревет и читајте нешто (печатено секако!) барем половина час пред да се обидете да заспиете. Додека читате, може да пиете и чај. Се препорачува чај од камилица или лаванда. Мала ментална активност како читањето може доволно да го замори мозокот за да почувствувате потреба да си легнете. Претворете ги овие навики во рутина и секогаш ќе си легнувате на време и ќе се будите наспани.
5.Не го одложувајте алармот
Искоренете ја таа навика алармот да го подесувате на „snooze“. И да спиете повеќе од 9 часа, доколку се разбудите за време на РЕМ фаза, ќе се чувствувате ненаспани. Циклусите на РЕМ фазите траат по 90 минути, и додека тие траат сме во состојба на длабок сон. Затоа е најдобро да се будиме пред или по започнување на ваков циклус. Тоа лесно може да се пресмета: На пример, ако сакате утре да станете во 8 часот, треба да си легнете во 23:00 или 00:30 претходната ноќ.
6.Движете се веднаш штом се разбудите
Макар и да треба само да се напиете вода, движете се. Доколку останете в кревет зевајќи и вртејќи с ена сите страни, или пак со телефонот в рака и си проверувате што има на Фејсбук и Твитер, само ќе се чувствуват повеќе ненаспани. Рековме дека спалната е место за одмор, па така, штом с еодморите, напуштете ја веднаш.
7.Будете се во исто време секој ден
Евентуално повеќе и нема да ви треба аларм за будење. Дали понекогаш се будите веднаш пред да заѕвони алармот? Тоа е вашиот внатрешен часовник, кој знае кога треба да ве разбуди. Слушајте го, не го запоставувајте. И обидувајте се да не се успивате многу за викендите. Навикнете го телото на будење секој ден во исто време и потоа без проблеми ќе станувате рано кога треба.

 
8.Вежбајте наутро
Штом станете, мора да го раздвижите телото за да го зголемите дотокот на крв до виталните органи. Иако делува многу тешко да вежбате штом станете, 15 до 30 минути вежбање наутро совршено ќе ве разбуди и ќе ви го активира целото тело, за да бидете подготвени за новите предизвици кои ги носи новиот ден. Добрата вежба анутро го забрзува метаболизмот, но и го активира мозокот и ја подобрува меморијата.
9.Изложете се на природна ветлина
Не заборавајте ај дневната доза на витамин Д. Дури и ако надвор не е сончево, излезете барем 15 минути на чист воздух, или пак поседете крај прозорец кој ве изложува на природна светлина. На валжни и сиви места, особено во зимата, потребно е да сте што повеќе изложени на природна светлина. Таа ја спречува депресијата и помага во лачењето на многу корисни хормони во организмот.
10.Секогаш имајте нешто што едвај го чекате
Уредете си го распоредот така да најпосакуваната активност во денот ја закажете за претпладне. Самата желба за нешто што ве прави среќни и ве исполнува може многу да помогне за што полесно будење наутро. Сте забележале ли кога треба да отпатувате ан летен одмор, доколку поаѓате рано наутро, како станувате одморени и полни со ентузијазам за патувањето? Томку ова треба да го примените и кај дневните активности. Имајте нешто за што би сакале да станете рано.1.Наспијте се
Сите патиме од прзото темпо на живот во модерното време, но тоа не значи дека треба да си го жртвуваме здрав

Пронајдете не на следниве мрежи: