РАЗГАЛЕНО ДЕТИШТЕ: Син на познат тајкун им порачал на работниците дека нема да добијат зголемување на платата, затоа што…

Синот на еден романски тајкун, им порача на вработените кои работат во компанијата на неговиот татко дека нема да добијат зголемување на платата, бидејќи тој сака да вози нов Бугати.Разгалениот 18-годишен тинејџер, Виктор Микула, е познат по тоа што еднаш во училиште дошол со хеликоптер зашто сакал подолго да спие дома. Сега насловните трсаници ги полни со уште побизарни изјави, пишува Mirror.
Кога адвокатите на фирмата на неговиот татко ја добиле парницата на судот против романското Министерство за финансии, разгалениот тинејџер им порачал на вработените: „Нема да добиете зголемување на платата, јас ќе добијам Бугати.“
Неговиот татко Виорел, се обиде ова да го објасни, велејќи дека добиените пари од парницата (64 милиони фунти), мора да се вратат во компанијата.
„Мораме да ги искористиме парите за да ги платиме моменталните трошоци. Се обидовме ова да го решиме на пријателски начин, но државата не е заинтересирана и се чини дека повторно ќе мора да одиме на суд. Овие пари требаше да ги добиеме уште минатата година, но поради доцнењето на средствата претрпевме сериозни загуби. Ваквите ситуации често одат во корист на државата. Државата може да земе што сака и кога го сака тоа, па затоа може да ја блокира било која компанија“, се обидел да го оправда синот.
Ова е само еден во низата испади на Микула. Да потсетиме, тој беше прилично изнервиран кога професорите не му дозволија да помине испит, бидејќи не беше доволно подготвен. Изгледа не може баш сѐ да се купи со пари ЛИНКРазгалениот 18-годишен тинејџер, Виктор Микула, е познат по тоа што еднаш во училиште дошол со хеликоптер зашто сакал подолго да спие дома. Сега на

Пронајдете не на следниве мрежи: