Разговор со Аркан Керим, генерален менаџер на Генералтурист

Патувањето доверете го на сигурен партнер1. Веќе  11 години ја водите туристичката агенција Генералтурист. Кажете ни го кусиот историјат на вашата агенција?
Како поминаа годините ни самиот не осетив, бидејќи професијата која ја работам и која многу ја сакам ме исполнува максимално независно од сите предизвици кои ги носат  бурните години, светска економска криза, економските блокади, немири низ светот кои се секојдневието во изминатиот период. Наследивме големо име на агенцијата, фактички нашата агенција потекнува од составот на најголемата туристичка агенција во бивша Југославија (Генералтурист Загреб) и првите години во работењето на нашата агенција поминаа во етаблирање на агенцијата во европскиот подоцна во африканскиот и азискиот туристички пазар. Организирано ги посетувавме изминативе години сите големи светски туристички саеми во Лондон, Берлин, Москва, Киев, Милано, Утрехт, Љубљана, Истанбул, Измир, Белград, Софија, Букурешт, Солун воспоставивме контакти и  притоа успешно ја промовиравме нашата агенција и нашата земја, за да годиниве наназад можеме да се пофалиме со интересни аранжмани по кои нашта агенција е препознатлива. Довербата на клинетите отсекогаш било нешто што ни било важно, и токму поради тоа секогаш сме многу внимателни во изборот на понудите, настојувајќи да го реализираме ветеното.
 Клуч за успешен бизнис на полето на туризмот, е само доколку имате задоволни клиенти кои ќе ве препорачаат на нивните пријатели. Организираме чартери за Анталија, Мармарис, Шарм Ел Шеик, Барселона, Палма Де Мајорка, автобуски чартер тури за Истанбул, Кушадаси, Белград, Загреб, Сарајево, Венеција, Минхен, Виена итн, безброј организации на семинари, конгреси, симпозиуми, големи музички фестивали и концерти, трудејќи се да овозможиме висока професионалност  и доследност.
2. Имајќи ја во предвид економската криза колку таа се почувствува во вашето поле на работа?
Големи турбуленции  се случуваат  на економско поле последниве години во сите области, така да и во туризмот, што влијае нашата работа да е многу отежната. Дополнително постоењето на т.н  туристички агенции, ја отежнува работата на сите други кои чесно и професионално се грижат за своите клиенти, и влијае дел од граѓаните сами да ги организираат своите патување, и покрај бројните предности кои Ние ги нудиме.
Исто така во последниве години е опадната и куповната моќ на населението што ни задава големи главоболки бидејќи истите луѓе кои што ги праќавме пред неколку години во хотели и луксизни резорти со 5*,  сега се сместуваат во апартмани. Меѓутоа ние сепак мора да се прилагодуваме на новонастанатата ситуација и да продолжиме со нашата работа.
3. Какви се патувачките навики и вкусови на Македонците? Кога, каде и како најмногу сакаат да патуваат?
Патувачките навики на македонците се префинети и многу добро знаат што сакаат и што треба да добијат за буџетот кој го имаат. Последниве години поради кризата се почесто ги користат поефтините аранжмани кои што се во Јуни и Септември.  Инаке во поглед на тоа каде и што сакаат, секогаш во предност се резортите било во Грција, Турција, Хрватска, Шпанија, Бугарија. Најголем интерес има за Турскиот пазар за кој ние сме специјализирани, и навистина нудиме екстра понуди.

 

4. Покрај тоа што нудите аранжмани за дестинации надвор од државава сепак имате и понуди кои се однесуваат на промоција на нашата земја. Кажете ни нешто повеќе за ова?
Од 2007 година активно сме вклучени во рецептивниот туризам и имаме сериозен број на гости кои што ги носиме во Македонија и во сите други балкански земји. Во 2011 година бевме прогласени за најдобра инкаминг агенција во Македонија од страна на Министерството за Економија и оваа награда посебно не мотивираше да го подобриме и сервисот и услуѓите. Интересот за македонија во последно време е зголемен, и се трудиме да бидеме добри домаќини, да ја запознаат македонија во вистинско светло, и да посакаат пак да дојдат.
5. Бидејќи се занимавате со туризам лесн ни е да претпоставиме дека и самите често патувате. Која дестинација до сега ви оставила најголем впечаток?
Од сите места каде што сум патувал најголем впечаток ми имаат оставено двата егзотични острови Бали и Куба. Далечни дестинации, но многу различни од секаде на друго место каде што сум престојувал.
6. Колку Македонија е конкурентан во својата туристичка понуда во однос на останатите Балкански земји?
Во последниве 3 години Македонија стана многу конкурента и интересна дестинација за странските туристи. Проектот Скопје 2014 има огромен ефект во поглед на збогатувањето на туристичката понуда на Македонија и воедно субвенциите кои што ги мотивираат странските турооператори масовно да носат туристи во Македонија.
7. Која ќе биде најинтересната понуда за летната сезона која ни претстои?
Најинтересна понуда за лето 2014  ќе бидат авионските  чартер понуди за Анталија, Кемер, Белек, Аланија и Севепен Кипар , чартер бус понудите за Асос, Сарамсакли Кушадаси.1. Веќе  11 години ја водите туристичката агенција Генералтурист. Кажете ни го кусиот историјат на вашата агенција?
К

Пронајдете не на следниве мрежи: