Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Северно од Куба се наоѓаат САД и Бахамите, на запад Мексико, на југ Кајманските острови и Јамајка, а на југоисток Хаити.
Латино ритамот, пикантната кујна, рајските плажи, волшебните природни убавини, непрегледните полиња со шеќерна трска, сочуваните традиции и култура се само дел од оваа сочувана,островска енигма.
Една е од најстарите земји на новиот свет, во која историјата ја испишуваа Европа и Африка, а ја открил Кристофер Колумбо, 1942год. убеден дека конечно ја нашол Индија. Во 1818 година, допуштена и е слободна трговија, а во 1889год. по воената интервенција од Америка, стана нејзиниот “Шекерниот остров”. Големите социјални разлики, доведоа до револуција во 1958 год. под водство на Кастро, сеуште актуелен претседател на една од последните комунистички земји.
Името „Куба“ потекнува од јазикот таино и неговото точно значење не е целосно познато. Називот може да се преведе како „место каде плодната земја е во изобилство“ што на таино би било „кубао“ или како „големо место“ („коабана“).
Шпанската колонизација на Куба и нејзиното индијанско население ја окупирале Шпанците во првата половина на 16 век. Во наредните децении домородското население практично е истребено преку работа како робови и болести од Европа. За да се одржи економијата во Куба се доведени десетици илјади робови од Африка (17 и 18 век).
САД го окупирале островот се до формалното прогласување независност во 1902 година. И покрај независноста САД на Куба ја има воената база на островот Гвантанамо, која од 2000 година служи како затвор за заробениците од војната во Куба и Авганистан.
Климата на Куба е умерено суптропска. Дневната температура во периодот од февруари до април изнесува 28 степени, а на водата 25 степени.
Замислете мир и облаци, опкружени со палми и бели песочни плажи на еден населен остров на Карибите. Опкужени сте со весели луѓе кои свират и пеат, топли ноќи и слатки вкусови на тропските овошја. Се наоѓате на тропскиот рај на земјата Куба. Звукот на салсата, плантажи со шеќерна трска и тутун, капење во водопади, јавање на коњи, и 300 сончеви денови преку целата година се доволна причина да ја посетите оваа земја.
Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантски