Разлика помеѓу ЉУБОВТА и БРАКОТ!

Дали знаете да ја препознаете љубовта и дали љубовта е неопходна за брак?Прочитајте како уште во времето на античка Грција, луѓето проживувале слични искуства како денес, и имале слични дилеми како и ние денес!

Што е љубов?
Еден ден, Платон го прашува својот учител:
Што е љубов? И како можам да ја пронајдам?
Учителот одговорил:
Пред тебе е огромно поле со пченица. Се движиш напред без да гледаш назад и никако не смееш да се вратиш, ти треба да одбереш само едно стебло. Ако го пронајдеш најубавото стебло според тебе, е тогаш си пронашол вистинска љубов. 
Платон тргнал напред и брзо се вратил со празни раце и не одбрал ниту едно стебло.
Учителот го прашал:
Зошто не одбра ниту едно стебло? 
Платон на тоа одговорил:
Затоа што можев да изберам само едно стебло, но не смеев да се вратам назад. Го најдов најубавото стебло, но не бев сигурен дали пред мене има уште подобри и не го скинав. Како одев напред, сфатив дека стеблата кој ги гледав не беа толку добри како и претходното, така што на крајот не избрав ниту едно.
На тоа учителот му рекол: 
– Е ТОА Е ЉУБОВ!

 

Што е брак?
Наредниот ден, Платон повторно го прашал учителот: 
– Што е брак? И како можам да го пронајдам?
Неговиот учител му го дал овој одговор:
Пред тебе е бујна шума. Движи се напред без да гледаш назад и собори само едно дрво. Ако го најдеш највисокото дрво, си го нашол бракот.
Платон одел напред, а по кратко време се вратил со дрво во раката. Дрвото не било раскошно, ниту толку многу високо. Туку било само обично дрво.
Учителот го запрашал:
– Зошто собори обично дрво?
Платон му одговорил:
Затоа што моето претходно искуство, ме поучи. Одев до половина од шумата. Овој пат видов едно дрво и почувствував дека не е толку лошо, па јас го пресеков и го довлечкав тука. Не сакав да си ја пропуштам шансата.
Неговиот учител на тоа рекол:
– Е ТОА Е БРАК.Прочитајте како уште во времето на античка Грција, луѓето проживувале слични искуства како денес, и имале слични дилеми како и ние денес!

Пронајдете не на следниве мрежи: