Разликата помеѓу ХДЗ и СДП е помалку од 6.000 гласа

Државната изборна Комисија на Хрватска ги објави во понеделникот официјалните резултати за избори за пратеници во Европскиот парламент, на кои опозиционата ХДЗ освоила 32,86 отсто, а владејачката СДП 32,07 отсто од гласовите.
Разликата во гласови помеѓу опозиционата коалиција и коалицијата на власт изнесува само 5.876 гласови, односно за коалицијата предводена од ХДЗ гласале 243.654 избирачко, а за листата на коалицијата собрана околу СДП гласале 237.778 избирачи.И покрај минималната предност, ХДЗ освои еден пратеник повеќе од СДП. Во Европскиот парламент Хрватска ќе ја застапуваат шест пратеници на коалицијата на ХДЗ, пет на СДП, а еден пратеник е од редовите на партијата на хрватските лабуристи, која освои 5,77 отсто од гласовите.На неделните избори граѓаните на Хрватска за прв пат можеа да гласат освен за листата и за кандидатот за кој веруваат дека ќе биде најдобар европарламентарец.Интересно е што најмногу гласови од коалицијата собрана околу ХДЗ собра претседателката на партијата од крајната десница ХСП, Ружа Томашевиќ, која не беше носител на листата. Нејзината неодамнешна изјава дека Хрватска е на Хрватите, а сите останати се гости предизвика лавина реакции, а премиерот Зоран Милановиќ ја обвини за говор на омраза.Од листата на владејачката коалиција најмногу гласови освои носителот на листата Тонино Пицула.Изборите ги одбележа и ниска излезност од 20,84 отсто, или 781.216 од вкупно 3,7 милиони граѓани со право на глас. Голем е бројот на неважечки ливчиња 39.572, што е 5,07 отсто.Хрватските медиуми причината за ниската излезност ја гледаат во лошата информираност на избирачите за европските избори, но и за лошиот тајминг за нивно одржување.
 
МакфаксДржавната изборна Комисија на Хрватска ги објави во понеделникот официјалните резултати за избори за пратеници во Евро

Пронајдете не на следниве мрежи: