Разликата помеѓу ВОДЕЊЕТО ЉУБОВ и СЕКС e…

Дали некогаш сте се запрашале дали навистина постои разлика помеѓу секс и водење љубов? Постојат многубројни дебати, најразлични мислења и ставови на оваа тема но ретко кој ја разбира суштината и разликата помеѓу сексот и водењето љубов.
Секс
Кога имате секс станува збор само за вашето тело. Тоа е ваша реакција на потребата на вашето тело за ослободување и релаксација.
Секс можете да имате со својот постојан партнер или пак со некој со кого ќе поминете само една ноќ заедно. Најчесто е мислењето дека кога сте во кревет со својот постојан партнер дека тоа е водење љубов, но не секогаш е така.
За секс едноставно не ви се потребни романтика и емоции, туку само едноставен и чист физички контакт. Сексот може да ве опушти и да ве релаксира.

Водење љубов
Водењето љубов е со личноста за која ве врзуваат силни чуства и емоции и со која споделувате врска во која сте вложиле многу време и енергија.
Кога водите љубов станува збор за поврзување со саканата личност. Додека водите љубов не го активирате само телото, туку и срцето и мозокот, препуштајќи им се и на чуствата и мислите. Водењето љубов најчесто е побавно, многу посензуално и неверојатно моќно.
Разликата помеѓу водење љубов и секс е многу тешко да се опише вербално, но кога ќе еднаш ќе ја почуствувате ќе знаете. Воопшто не станува збор за тоа дали сте со својот партнер или со некого со кого немате ништо заедничко. Многу парови се во долгогодишни врски, па сепак едноставно имаат само секс и ништо повеќе од тоа.
По водењето љубов се чувствувате исполнето и среќно додека пак по сексот се чувствувате само релаксирано.
Водењето љубов ве носи на едно повисоко ниво на комуникација со партнерот/ката.Постојат многубројни дебати, најразлични мислења и ставови на оваа тема но ретко кој ја разбира суштината и разликата помеѓу сексот и водењето љубо

Пронајдете не на следниве мрежи: