Разликата помеѓу водењето љубов и сексот

Дали навистина постои разлика помеѓу секс и водење љубов? Покрај многубројните дебати и најразлични мислења и ставови на оваа тема еве едно размислување, кое можеби ќе ви помогне да ја разберете суштината и разликата помеѓу сексот и водењето љубов. Кога имате секс станува збор само за вашето тело. Вие реагирате на потребата на вашето тело за ослободување и релаксација. Секс можете да имате со својот постојан партнер/ка или пак со некој со кого ќе поминете само една ноќ заедно. Најчесто е мислењето дека кога сте во кревет со својот постојан партнер/ка тоа е водење љубов, но не мора секогаш да биде така. Понекогаш едноставно не ви се потребни романтика и емоции, туку едноставен и чист физички контакт. Сексот може да ве опушти и релаксира.
Водењето љубов е со личност за која ве врзуваат силни чуства и емоции и со која споделувате врска во која сте вложиле многу време и енергија. Кога водите љубов станува збор за поврзување со саканата личност. Додека водите љубов не го активирате само телото, туку и срцето и мозокот, препуштајќи им се и на чуствата и мислите. Водењето љубов најчесто е побавно, сензуално и моќно.
Разликата помеѓу водење љубов и секс е тешко да се опише, но кога ќе ја почуствувате ќе знаете. Воопшто не станува збор за тоа дали сте со својот партнер/ка или со некого со кого немате ништо заедничко. Многу парови се во долгогодишни врски, па сепак едноставно имаат само секс и ништо повеќе од тоа. Водењето љубов ве носи на едно повисоко ниво на комуникација со партнерот.Кога имате секс станува збор само за вашето тело. Вие реагирате на потребата на вашето тело за ослободување и релаксација. Секс можете да имат

Пронајдете не на следниве мрежи: