Поинтензивна комуникација за побезбедна храна и отстранување на можните девијантни појави во делот што е обврска на Државниот инспекторат за земјоделство на Република Македонија и Управата за заштита на растенијата при Министерство за земјоделство и заштита на животна средина на Република Србија.Ова беше тема на билатералната средба што се одржа во Белград на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски со неговиот српски колега Небојша Милосављевиќ.
Средбата се одржа во рамките на активностите за меѓусебно уредување на обврските по потпишувањето на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничната контрола во железничкиот сообраќај на граничниот премин Прешево – Табановце.
Ова, како што потенцира Трипуновски е значајно за делот кој се однесува на граничниот фитосанитарен надзор на инспекциските служби. На средбата е договорена и размена на искуства меѓу Државниот инспекторат за земјоделство и српската Управа.Ова беше тема на билатералната средба што се одржа во Белград на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски со неговиот