Се почесто ќе чуете дека луѓето го избегнуваат глутенот во исхраната, а овој тренд изгледа се менува. Доколку сте на без глутеинска диета, било поради тоа што морате да го избегнувате глтенот поради целијакија, односно неподносливост на пченично брашно, или затоа што мислите дека сте чувствителни на глутен, овие информации секако морате да ги знаете.1.Глутенот не е единствениот виновник за целијакија
Неодамнешна студија на истражувачите од Универзитетот Колумбија открила дека протеините од пченицата и без глутен исто така можат да предизвикаат проблематични симптоми кај луѓето кои боледуваат од целијакија. Иако глутенот е примарен тип на протеин во пченицата, значаен број на учесници биле имуни на реакција на пет групи без глутеенски протеини. Со други зборови, веројатно треба уште многу да учиме за целијакија отколку што научниците знаат во моментот.
2. Етикетите „Без глутен“ се сега стандардизирани
До неодамна терминот „без глутен“ не беше регулиран, дури ни дефиниран од страна на американските власти. Но, од август минатата година, произведувачите можат да го користат овој израз само за производи кои содржат помалку од 20 милионити делови на глутен, што е стандард кој исто така се користи во Канада и Европа.
Со други зборови, иако глутенот сега е дефиниран, тоа и понатаму не значи дека 100 % не содржи глутен. Доколку сте загрижени, држете се кон пакуваната, цела храна на база на скроб која природно не содржи глутен, како што е компирот, тиквата и коренестиот зеленчук.
3. Лошата без глутеинска храна е насекаде
Иако терминот „без глутен“ стана синоним за нешто здраво, јасно е дека постојат многу нездрави намирници кои не содржат глутен. Ознаката „без глутен“ можете да ја пронајдете на производи како што се колачи, пици, макарони со сирење, сладолед, сендвичи, чипс и пиво. Иако некои од овие намирници се дар од бога за луѓето со целијакија, тие сигурно не се темел на нутритивно- богата здрава исхрана. И како што можеби веќе знаете, овие намитници се една од причините зошто откажувањето од глутен не е магично стапче за слабеење.1.Глутенот не е единствениот виновник за целијакија
Неодамнешна студија на истражувачите од Универзитетот Колумбија открил



