Овие неколку месеци, се навикнавме во градот да има едно место кое постојано ни нуди нови изненадувања, уникатни искуства и вистинска забава. Дистрикт барот и ресторан прераснува во култно место во центарот на Скопје, каде што коктелите се извонредно вкусни и автентични, а секоја седмица може да очекуваме и нова тематска забава. Дистрикт барот и ресторан ги искористи сите досегашни позитивни искуства од познатите #Friday50 коктел afterwork забави, и по повод најстрашниот ден од годината ни подарува многу забава под маски. Во Дистрикт, Ноќта на вештерките или Halloween доаѓа порано и заедно со официјалната забава пред отворањето на Fashion Weekend Skopje (FWSK).
Според личната карта на овој настан, почетокот на забавата, во петок на 28 октомври, ќе биде од 17.00 часот, а ќе трае сè до 23.00 часот. За гостите на оваа тематска забава ќе биде подготвен специјален “Страшен” коктел, додека DJ Андреј Мицајков ќе ја следи страшната атмосфера со најдобриот музички избор во градот.
Традиционално, на оваа коктел забава, првите 50 гости добиваат бесплатен коктел на денот, но овој пат тие треба да бидат маскирани, додека за двете најкреативни маски следува и подарок од Дистрикт барот и ресторан.
Бидете таму!Дистрикт барот и ресторан ги искористи сите досегашни позитивни искуства од познатите #Friday50 коктел afterwork забави, и по повод најстрашниот де