РАЗОБЛИЧЕН: Братот на Ордановски го снема од Твитер!

Кога станува збор за силењето преку социјалните мрежи, трубите на „анонимните“ твитерџии трубеа и посилно од очекуваното.Затскриени зад апстрактни фотографии и чудни имиња – параваните на овие активисти одлично ја вршеа работата кога требаше на секој можен начин да се плука по власта.
Не бирајќи зборови, се плукаше по сѐ што е македонско, што вреди и што треба да се негува.
Мизантропијата на поединци ги поминуваше границите на нормалата, а силењето зад измислени профили беше неподносливо за секој нормален човек.
ДО КОГА ЌЕ ЛАЖАТ: Српски Курир го разобличи Заев!
Радоста кратко трае кога некој ќе ги пробие нивните одбранбени ѕидови и ќе ги открие лицата на мразачите, лицата на патетичните луѓе чие его и самодоверба се истакнуваат на виделина кога се силат зад лажни профили, не обрнувајќи внимание на тоа што го пишуваат.
Како и по секој маскенбал, маските се симнуваат откако ќе заврши забавата.
Забавата за твитерџијата Mindplumber заврши неславно, откако на социјалните мрежи се прошири негова фотографија и голата вистина дека станува збор за братот на Сашо Ордановски.
Поради неспособноста да стои зад кажаното и како секој одговорен човек да признае дека згрешил за да им се извини на сите оние коишто ги имаше навредено, братот на Сашо Ордановски како змија се повлече во дупката, очекувајќи го идеалниот момент повторно да се појави и да исполни нечии задолженија.
Целосно разобличен, тој навистина „храбро“ се соочи со ситуацијата и реши да го деактивира профилот на Твитер. Изгледа не е лесно кога зад лажниот профил ќе се открие вистинскиот корисник и кога ќе се открие завесата на лицемерието, омразата и недоличното обраќање кон светот.
НОВА ЛАГА НА СОРОСОИДИТЕ!
Колку да се потсетите за кого станува збор и малку да ви ја освежиме меморијата, би било одлично доколку отидете на следниот линк за да видите со какви мизерни реченици тој им се обраќаше на Македонците за кои сметаше дека им е идеално да копаат по контејнери (Повеќе ТУКА).
И додека на секој искрен граѓанин му се посакуваше вакво сценарио, веруваме дека „почесниот избришан профил“ и персоната зад него ќе се обиде да го ископа ѓубрето од душата, малку да го подзачисти валканиот јазик и наместо со омраза, колку за промена да научи како треба да се однесува кон народот – од кој неговите надредени и тоа како ќе бараат и молат за гласови.
Наклоност со сигурност не се купува со омаловажувањата кои на дневна база доаѓаат од братско-роднинската партија со милиони бизниси, спонзори, девизи и расипани спинувања кои за среќа, брзо биваат разоткриени и кои предизвикуваат фрустрација кај вечно опозициските ликови и политичари.

Погледнете го лицето кое ТАЈНО Ве плукаше вас, Вашите најмили и запомнете го.
Не дозволувајте истото да Ве измами!
Затскриени зад апстрактни фотографии и чудни имиња – параваните на овие активисти одлично ја вршеа работата кога требаше на секој можен начин

Пронајдете не на следниве мрежи: