Невидена манипулација на порталите под контрола на СДСМ за потребите на опозицискиот лидер Зоран Заев и првоосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски.Опозициските медиуми попладнево почнаа да фалсификуваат и судски одлуки откако објавија измислена и непотврдена информација со тврдењата дека првоосомничениот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски бил пуштен на слобода, но манипулациите не запираат тука, туку се продолжи и со лажни тврдења дека судијата кој ја донел таквата одлука, веднаш под казна бил прераспределен.
Сепак, ваквите манипулации на опозициските медиуми кои се фабрикуваат за потребите на Заев и Верушевски вечерва брзо се разобличени откако на сајтот на Основниот суд Скопје 1 е објавен демант за ваквите тврдења. Во него се вели дека одлука за наведениот предмет се уште не е донесена, а одлуката за прераспределба е направена со годишен распоред за работа на судиите во судот за 2016 година уште минатата недела.
-Како Основен суд Скопје 1 – Скопје сметаме дека е не коректно од посочените медиуми да објавуваат непотврдени информации поврзани со конкретна одлука на судот, без оглед како дошле до тие информации и дали истите се точни или не, а воедно воопшто не се обратиле до судот за да ги проверат инфомрациите кои ги објавуваат, се вели во демантот објавен на сајтот на Основен суд Скопје 1- Скопје.
Во демантот се нагласува и дека истовремено, заради екслузивитет и сензација овие медиуми се впуштаат во дополнителни шпекулации објавувајќи и дека одреден судија кој одлучувал во конкретниот предмет бил прераспределен поради донесената одлука.
– Дотолку повеќе што одлуката за прераспределба е направена со годишен распоред за работа на судиите во судот за 2016 година уште минатата недела, а одлуката по наведениот предмет се уште не е донесена, односно како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден, Кивичниот совет имаше доставено дополнително барање до Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за докомплетирање на документацијата пред донесување на конечната одлука, стои во демантот.Опозициските медиуми попладнево почнаа да фалсификуваат и судски одлуки откако објавија измислена и непотврдена информација со тврдењата дека првоо