При најавувањето на новите модели Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge, многумина го поздравија потегот на Samsung за имплементација на 32GB меморија, наспроти 16GB меморија која дотогаш беше стандардна. Сепак, работите не се како што изгледаат…Според иницијалните тестирања, корисникот ќе добие драстично помалку меморија од 32GB. Оние што го испробале уредот велат дека се достапни само 23,5GB, што е за 27% помалку од вкупната меморија. Дополнителен проблем е што немате слот за MicroSD картичка како на претходните модели, така што можеби ќе треба да ја купите варијантата со 64GB меморија.
Иако TouchWiz интерфејсот на Samsung станува се поедноставен и помалку натрупан, сепак истото не важи и за големината која ја завзема на телефонот, особено по неколку апдејтирања. Искомбинирајте го ова со форматирањето на меморијата, како и корисничките апликации и документи (слики, видео) и ветената меморија од 32GB прилично брзо ја снемува.
Повеќе на: GSM.mkСпоред иницијалните тестирања, корисникот ќе добие драстично помалку меморија од 32GB. Оние што го испробале уредот велат дека се достапни само 23,