Разочарувањето од СДСМ е големо

Разочарувањето од најголемата македонска опозициска партија СДСМ, која поразот на изборите го ублажи со огормен број албански гласови е големо. Контингентот албански гласови покажа дека понудата на Заев е рекомпонирање на државата, а во игра бил и поткуп на гласови.Разочарани граѓани кои го дале својот глас за СДСМ, велат дека никогаш повеќе нема да гласаат за Заев. Тие иако не верувале, на дело се покажало дека Заев привлекол 70 илјади гласови од Албанците преку понудата за редефинирање на државата.

–На овие избори гласав за СДСМ, гласав затоа сто несакав да верувам дека има македонски политичари кои може да прифатат федерализација. Но 70 те илјади гласови на албанците ме демантираа. Сигурно тие не гласаа за политичката понуда на Заев туку тие се гласови за федерализација и редефинирање на нашата држава. СДСМ не благодарам повеќе, напиша Слободанка Николовска.

–Јас иако гласав за СДСМ на овие избори, не гласав за редефинирање на државата, мојот глас е укреден и е добиен како резултат на измама, напиша Никола Петровски.
Има и граѓани кои јавно сведочат дека имало и поткуп на гласови, од страна на СДСМ и дека во игра биле големи суми на пари.

–Јас сум од Радовиш, нека види полицијата колку СДСМ плаќаше гласови во Општина Конче. Во ситуација кога откупот на тутун доживува плафон и историски високи цени, и кога турците што живеат таму никогаш немале поповолна цена на крајот се испорача контигент на гласови за СДСМ. Нека прашаат од полицијата како им се нудени пари од емисари на СДСМ по 100 до 200 евра гласови да гласаат за Заев. Срамота, напиша Трајан Петковски.
За поткуп со гласови пишува и поранешната пратеничка на СДСМ Солза Грчева,:
-Вие не сакавте да се крадат избори, со право, а сега ги крадете. Вие божем се боревте против партизација, а видовте како изгледа уште поголема. Вие сте прочитана книга. Без купените гласови, ќе бевте бунар. Затоа не се силете, се разголи се. Макаедонија ми е помила од сите вас заедно. Вие се коцкате за да некој избега од затвор, како и другите. Е тоа сте вие. Горди сте на тоа? Браво!!!” напиша Грчева.

Таа додава дека СДСМ направи протекторат од државата само Заев да дојде на власт.
“И среќна сум што не сум дел од вас, точно во овие историски моменти кога од Македонија се направи протекторат за нечии болни желби да се остане/дојде на власт”.
Измамата на СДСМ со која сакаше Заев да дојде на власт, се’ повеќе граѓани ја препознаваат.Разочарани граѓани кои го дале својот глас за СДСМ, велат дека никогаш повеќе нема да гласаат за Заев. Тие иако не верувале, на дело се покажало де

Пронајдете не на следниве мрежи: