Разрешен бугарскиот министер за финансии

Бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков во понеделник е разрешен од должноста, само еден ден по протестите во дваесетина градови во кои се протестираше против поскапувањето на цената на електричната енергија.

„Премиерот му предлага на парламентот Симеон Ѓанков да го разреши од должноста потпретседател(задолжен за економија и финансии) и министер за финансии”, изјави во понеделник бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Ѓанков, кој ја спроведува политиката на штедење, е еден од најнепопуларните членови на владата, со само 11 отсто поддршка, покажува најновата анкета на Галуп.
Makфакс
Бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков во понеделник е разрешен од должноста, само еден ден по протестите во дваесет

Пронајдете не на следниве мрежи: