Разрешена мистеријата стара 55 години за темната страна на Месечината

Тим од астрофизичари тврди дека ја разрешиле вечната мистерија за настанокот на единствениот природен сателит на планетата Земја.Пред 55 години Советското летало Луна 3 ги испрати првите фотографии од темната страна на месечината. Наместо наводните мориња за кои шпекулирале астрономите со помали телескопи, Луна 3 откри зам ноеколку затемнети области.
Џејсон Рајт и неговите колеги од Универзитетот Пен Стејт во САД по 55 години таинственост дојдоа до нови откритија за темната страна на Месечината.
Веќе е позната хипотезата дека Месечината настанала од карпести честици исфрлени при судирот на Земјата со објект со големина на планетата Марс. Во почетокот, кога се формирала, Месечината се движела многу поблиску до Земјата отколку денес, најверојатно поради Земјината гравитација.
Оттука астрофизичарите од Пен Стејт тврдат дека Земјата и Месечината ротирале околу своите оски со иста брзина. Иако полека се оддалечувала, Месечината ја задржала истата брзина на ротација околу Земјата, па затоа едната страна од Месечината никогаш не може да се види од Земјата.

Ново откритие е и тоа што кората на Месечевата површина е значително подебела на темната страна отколку на таа што гледа кон Земјата.
Тогаш помалата Месечина полека се ладела од судирот, додека Земјата се уште била вжештена, на температура од околу 2 500 степени.Така, страната на Месечината која гледала кон Земјата трпела ефект на две сонца, од кои едното е многу помало, но и многу поблиску.
Професорот Штај Сигурдсон објаснува дека при таквиот судир, првото нешто што испарува се честици од алуминиум и калциум. Тие прво се таложеле на темната страна на Маесечината, па оттаму и подебелата кора од онаа на светлата страна.
Кога астероиди ја удирале светлата страна, лава течела по површината и го исполнувала празниот простор, додека пак на темната страна лавата не можела да се пробие низ дебелата кора.Пред 55 години Советското летало Луна 3 ги испрати првите фотографии од темната страна на месечината. Наместо наводните мориња за кои шпекулирале а

Пронајдете не на следниве мрежи: