Ако ви е здосадено од класичните топли напивки како што е чајот, грееното чоколадо или вареното вино, време е да пробате нешто ново. Станува збор за топла јаболкова напивка која има малку калории, но е со вкус со кој ќе ги воодушевите најблиските.Мешавината од јаболко, портокал, цимет, лимон и каранфилче, создава совршен пијалак кој ќе го загрее сечие срце.
За подготовка на оваа напивка со варење, потребно ви е малку повеќе од половина час, а количеството ќе биде доволно за неколку лица.
Состојки:
8 чаши стопостотен сок од јаболко
1 голем и тенко исечен портокал
Сок од 1 лимон
4 стапчиња цимет
10 каранфилчиња
Подготовка:
Помешајте ги состојките во еден поголем лонец и ставете на загреана рингла. Кога сокот ќе почне да врие, намалете го огнот и варете 25-30 минути.
Сервирајте во шолји и украсете по желба.
Живели!Мешавината од јаболко, портокал, цимет, лимон и каранфилче, создава совршен пијалак кој ќе го загрее сечие срце.
За подготовка на оваа напи