Разумно користете ја електричната енергија

Со пристигнувањето на есента и зимата се зголемуваат и сметките за греење. А кога ќе се додадат и најавите на поскапувањето, многу од граѓаните размислуваат како ќе го преживеат пеколното зимо кое следува. Постојат начини кои добро функционираат, притоа заштедуваат, а вие добивате повеќе. Со рационалното користење на енергијата го продолжуваме работниот век на електричните апарати, а со тоа и ги намалуваме трошоците кои би настанале како резултат на дотраените и потрошени електрични апарати.
Разумното користење на електричната енергија е многу важно, затоа што со секоја помината минута со вклучен телевизор пред кого нема никој и со секој киловат/часови потрошена енергија, губиме многу повеќе отколку што можеме да препоставиме.
Еве неколку предлози, кои треба да ви преминат во навика, секоја заштеда е плус за вас самите:
Со користење на единечна славина или термостатска батерија на славината за топла вода, лесно ја контролирате посакуваната температура на водата и на тој начин заштедувате вода и енергија.

Овреме навреме одмрзнувајте го фрижидерот со полуавтоматски механизам за одмрзнување.
При купување на електричен болјер, внимавајте на топлинската изолација на апаратот. Наа болјерот годишно можете да заштедите до 300 kWh електрична енергија.
За јадења што се готват подолго користете садови за готвење на пареа, и користете садови за готвење со големина која одговара на големината на ринглата за да нема загуба на топлина.
Полначот за мобилен телефон троши електрична енергија дури и кога не е поврзан со вашиот мобилен, затоа исклучете го и започнете да штедете.
Поправете ги местата каде што протекува вода од вашиот болјер, затоа што секоја капка вода е дел од вашата сметка.
При осветлување, секогаш постои начин да се заштеди , така што ќе ги замените обичните светилки со штедливи, притоа запазувајте да не ги оставате непотребно вклучени.
Кога се во прашање телевизорот и компјутерите, никогаш не ги оставајте да си работат без ваше присиство, кога ќе завршете со работата исклучете ги за да не придонесат во големата сметка за струја.
Еден од поголемите потрошувачи е рерната, и та треба да се употребува неопходно. Наместо неа може да се послужите со ринглата каде во страт заштедувате, а имајте во навика пред самиот крај од готвењето порано да ја исклучете ринглата, така ќе заштедите а таа е сеуште топла зарем не?
Перењето ва машина за перење на 30-40 степени е идеално за заштеда доколку секојдневно ја вклучувате.Со рационалното користење на енергијата го продолжуваме работниот век на електричните апарати, а со тоа и ги намалуваме трошоците кои би настанале

Пронајдете не на следниве мрежи: