По вчерашните тензии предизвикани од Студентскиот пленум кои што го блокираа влезот на Ректоратот на УКИМ, денес е мирно и нема насобрани студенти.Утрово не се забележани блокади пред влезот на Ректоратот на УКИМ ниту насобрани членови на Студентскиот пленум.
Поставувањето на непотребна блокада на оваа институција се должи пред се на повеќе фактори.
Имено вчера студентите од ФИНКИ и Факулетот за физичко образование, спорт и здравје заедно со своите декани, засадија околу 150 нови садници околу местото каде што ќе се градат нови објекти за овие високо образовни институции.
Инаку сечењето на дрвата беше главната причина поради која Студентскиот пленум предизвика тензија во кампусот на државниот универзитет.
Исто така повик за отстранување на блокадата и разумно однесување во рамки на институциите вчера испратија и Деканите на факултети и директори на научни институти на УКИМ.
Во нивното соопштение се наведува дека со блокадите не постои можност да се извршуваат тековните активности и тоа: издавање дипломи, мобилности на студентите кои се во тек, избори во звања, студиски програми, промоции на дипломирани студенти, промоции на доктори на науки, промоции во почесни звања, работа со странски студенти, усвојување на систематизации, меѓународни проекти, изготвување на документи за странските донации на факултетите, европските проекти, исплата на студентските стипендии, исплата на плати за вработените и други активности кои се поврзани со рокови.
Утрово не се забележани блокади пред влезот на Ректоратот на УКИМ ниту насобрани членови на Студентскиот пленум.
Поставувањето на непотребн