Разузнавачите на САД тврдат: Авионот МН17 е срушен по грешка, нема знаци дека Путин е вмешан

Шефовите на разузнавачките служби на САД, откриваат дека не нашле директни докази дека Путин го осудил на пропаст авинонот и наведуваат дека е погоден по грешка.Шефовите тврдат дека сепаратистите не знаеле дека МН17 е комерцијален лет. Нема јасни докази дека проектилот што го погодил авионот дошол од Русија. Но, тврдат дека Москва „создала услови“ кои довеле до несреќата.
Но, работата е во тоа што тие и понатаму не знаат кој ја пуштил ракетата, ниту тоа дали некој од проруските оперативци бил присутен кога се испалувала. Не се сигурни дали екипата која е одговорна за несреќата е обучена во Русија, иако објасниле дека руската војска ја зајакнала кампањата во последните неколку недели за да ги наоружа и обучи побунениците, за кои тие наведуваат дека продолжиле со ракетирање и по соборувањето на приватниот лет.
На прашањето кој ја испукал ракетата, тие одговориле дека не знаат, не знаат со што и дека не се стопроцентно сигурни за националноста.
Иако ова се еден куп нејаснотии, од разузнавачката служба велат дека имаат сигурни извори дека сепаратистите се виновни.
Поинаккво сценарио – шансите дека украинската војска е одговорна за несреќата се невозможни, бидејќи не располага со таква воена технологија.Шефовите тврдат дека сепаратистите не знаеле дека МН17 е комерцијален лет. Нема јасни докази дека проектилот што го погодил авионот дошол од Русија

Пронајдете не на следниве мрежи: