’Рбетници, а без’рбетници – Фаци бескичмењаци

Значи страшно ме иритира бескичмњачкиот однос од страна на ’рбетни суштества кои што наводно се кохезирале во општество за да глумат цивилизација и некои добро глумат а некои си се понашаат безкичмењачки и без разлика на обѕирот од другите особи тие се однесуваат безобѕирно. Немам некоја строга граница за бескичмењаштво и безобѕирност, па затоа ќе ги сврстам во еден кошЗначи, иако насловов е ваков нема да пишувам за живонтите и нивниот еволутивен развој базиран врз Дарвиновата теорија, туку ќе пишувам за безкичмењаштвото како една општествена појава и тоа не трудејќи се да употребувам високо стилизиран говор, со цел преку поуличен говор да ги искажам моиве фрустрации од бескичмењаците.
Значи од дете ме нервирало кога некои мои соученици се понашале така безкичмењачки и иако фаќале врски за да не ја повторуваат годината, пак им опинале на професорите и им се понашала како да го фатиле „Господ за ма*иња“. И од кога пораснав сфатив дена не се криви децата, родителите се криви, оти на тоа дете ако им се развикаш одма ќе ти дојде татко му и ќе те направи „подолу од лајно“. Ти како професор си го истуркал да не повторува година, ама…
Ама камо да останеше тоа на детството. Како растеш се повеќе си жртва на „фаци бескичмењаци. Абе се спремаш за да спиеш и бап, на врата, демек близок сум ти кога сакам ќе дојдам. Да си легнеш педерче си, оти го игнорираш, а ако не му отвориш, пак си педерче, оти се криеш, а во два дена си спиен 4 саати, ама ако, близок ти е. Е од такви безидејни бескичмењаци си патат оние идејните обѕирни особи (да не речам кичмењаците), што силата ја трошат на идеи и немаат сила да се лигават со лигави, глупави, кич, трач шали . Може и обрано. Ти дошол на гости и ти треба да заминеш, со автомобил те чекаат пред зграда, значи важно ти е, од работа и тој ти вика „Абе ај педер, ќе ме дослушаш или ќе си идеш..“ Значи брат, во моментов небитен си ко блиц на сонце, од атер седам за да не бидам како тебе безкичмењак, сфаќаш! Јас те сакам како другар, ама како растеш ти се топи кичмате.

 
Или се возиш во автобус и ти доаѓа некој повисок од тебе, затнат во носот и со уста ти дише во фаца. Значи стрико, или употребувај капки за нос или држи ја главата на горе. Уште малку „ќе ми го ’ркнеш во фаца“. Па и плус ќе те изгази за да застане таму некаде кај што си замислил да застане. Мислам, респект за годините и ние младите некогаш ќе остариме, ама барем дај ни простор за да успееме да стигнеме до твоите години.
Многу ми е јако кога некој не го викаш за никаде, ни за на кафе, ни за на гости , ни на роденден, ни на име, ни за излегување, ни за цепење дрва, значи го игнорираш максимално. Е тој тип секогаш и секаде ќе те пронајде кај и да си, со кого и да си и ќе ти се налути оти не си го викнал. Значи брат, глупав си? не сакаш да сфатиш дека не можам да те гледам, ама ептен нема смисла да ти го „плеснам в сурат“
Исто така, фаци без осет ми се некои профили на газди, шефови… де на должам зошто… ќе си го самоцензурирам овој дел, оти „порно“ ќе биде муабетот.
Значи за ова има и шести и седми и осми… пример за ова, ама нема да правам лексикон на безкичмењачки појави или безобѕирни појави кои ни го скратуваат живото, а живото ни се скратува со нервози.
Видете, колку понапред си во еволутивниот развиток, толку повеќе би требало да имаш обѕир и кичма за другите такви суштества како тебе, ама… сепак некој со сила „се настегува“ некаде каде што не му е местото, мислам, друга му е општествената улога.       
Да не заборавам за крај. Јасно ми е дека сето ова нема никакви значење, ама ми се појавија некои нагони на антибезобѕирност и морав да бидам безобѕирен кон вас и да ве трујам со муабетов, тие што го дочитаа, нормално.
И кога одите на гости, кога треба да си заминете до гости, кога сакате да се дружите со некој, кога сте на јавно место каде што има многу луѓе, кога имате пари во џеб и маса на луѓе држите за муцка, размислете два пати, не се врти светот околу вас!
Г. АнгелескиЗначи, иако насловов е ваков нема да пишувам за живонтите и нивниот еволутивен развој базиран врз Дарвиновата теорија, туку ќе пишувам за безкичмењ

Пронајдете не на следниве мрежи: