Бура од реакции предизвика објавата на службената Фејсбук страница на Британската амбасада во Скопје со која се советуваат британските државјани за време на нивниот престој во Охрид на концертот на Продиџи.Серија препораки од страна на Британската амбасада во Скопје до сите британски државјани кои ќе решат да патуваат на концертот на мега популарните Продиџи предизвика лавина реакции на социјалната мрежа Фејсбук.
Имено, на службената фејсбук страница на Британската амбасада во Скопје се објавени следниве препораки:
– Внимавајте на вашиот пасош и лични ствари. Замената на пасаошите може да ве чини повеќе отколку што мислите!
– Не одете си дома сами. Држете се до вашите приајтели и осигурајте се дека некој знае каде сте!
– Обезбедете си патничко осигурување.
– Не оставајте го вашиот пијалок без надзор.
– Претплатете се за е-маил известувања на нашите совети за патување тука: https://www.gov.uk/foreign-travel-ad…/macedonia/email-signup.
– Во итен случај повикајте 192 (полиција), 193 (пожарна) или 194 (итна помош). Ако ви треба помош од конзулатот побарајте не на +389 3299 299.
Под оваа објава стојат десетици коментари од страна на фејсбук корисниците меѓу кои може да се прочита:
„Не мислите дека е претерано?“
„Британска амбасада, може ли љубезно да ве потсетам дека ова е Охрид, а не источен Лондон?“
„Дали сте болни или што? Македонија не е Авганистан за да ја презентирате на ваков начин…засрамете се!“
„Амбасадава познавајќи си го својот народ јас преппракиве вака ги сваќам. Да си ги пазат пасошите зошто се пијанчат ко ѓубриња и све губат и шетаат голи и боси. Да имаат осигурување зошто кај и да идат од што се изгубени од алкохол обавезно кршат раце или нозе. Да не шетаат сами зошто голема е веројатноста да се онесвестат пијани у некој ќош и никој да не ги види на време. Е сеа за пијачкиве не сум сигурна… Они се подготвени и шпирт да пијат само да ги удри, така да стварно не ми е јасно што би можело даа им се случи со пијачката.“
„Ќе Ви напишам на официјалниот јазик во Република Македонија односно на македонски јазик: Ова е најголема навреда за сите граѓани на Република Македонија. Сигурно имате преведувач да ви преведат“.
„Британска амбасада во Скопје дали сте полуделе? Британците се сметаат за најлоши туристи во светот, затоа им препорачувам на Македонците да бидат внимателни кон нив, а не обратно. Концертот е во Охрид, не во Лондон. Патувајќи низ различни континенти можам слободно да кажам дека најнебезбедно се чувствував во Лондон (и Париз) но најодвратните работи сторени од луѓето дефинитивно ги видов во Лондон. Овој ваш пост е најголемата навреда што сте им ја направиле на македонските граѓани, а ги има неколку од нив со ред. Засрамете се Британска амбасада во Скопје!“Серија препораки од страна на Британската амбасада во Скопје до сите британски државјани кои ќе решат да патуваат на концертот на мега популарните