Реакциите кои смеењето ги предизвикува во нашето тело

Како смеата моментално влијае на вашето тело? Смеата е моќна во соочувањето со стресот, болката и конфликтот. Ништо не делува така брзо и не ја враќа рамнотежата како што тоа го прави смеата.Смеата ќе ве орасположи, ќе ве поврзе со околината, ќе ја зголеми самодовербата, и ќе ги подобри концентрацијата и паметењето.
Како да се смеете повеќе и почесто? Откријте кои работи прават да се смеете и правете ги почесто. Опколете се со луѓе што имаат смисла за хумор која вам ви одговара. Развијте ја смислата за хумор и бидете духовити секогаш кога ќе се појави прилика.
Мозок: Кога ќе почнете да се смеете, мозокот почнува да го ослободува хормонот на среќата. Мускулите околу очите и образите почнуваат со спонтани контракции.
Бели дробови: Мускулите на дијафрагмата се напнуваат и го истиснуваат воздухот од белите дробови. Тој воздух излегува низ душникот и го предизвикува дразнењето на гласните жици. Доаѓа до кратките и необјаснети звуци, карактеристични за смеењето.
Очи: Ако нешто е многу смешно, очите се насолзуваат.
Срце: Ненадејното излегување на воздух од белите дробови ја зголемува потребата за кислород. Работата на срцето се забрзува, а со тоа се зголемува и крвотокот.

Мускули: И додека мускулите на лицето и на стомакот се напнуваат, остатокот од мускулите слабее и доаѓа до слаба координација. Од таа причина не можеме нормално да одиме или да стоиме кога силно се смееме. Бидејќи мускулите на стомакот се стегаат за да помогнат во истиснувањето на воздухот од белите дробови, можно е и да потрошите неколку калории.
Хормони: Смеата поттикнува ослободување на ендорфинот кој се ослободува и за време на вежбањето. Со тоа доаѓа до намалување на чувството на болка. Се намалува лачењето на кортизолот, хормонот на стресот. Ова е една од најголемите заслуги на смеата бидејќи зголеменото  лачење на кортизолот предизвикува хроничен замор и го зголемува ризикот од појава на депресија.
Емоции: Вистина е: Смеата е заразна. Некои истражувања покажале дека смеата ги поврзува луѓето. Ако тоа е вистина, смејте се со личноста со која сакате дополнително емотивно да се поврзете.Смеата ќе ве орасположи, ќе ве поврзе со околината, ќе ја зголеми самодовербата, и ќе ги подобри концентрацијата и паметењето.
Како да се с

Пронајдете не на следниве мрежи: