СДСМ не си верува ниту сам на себе кога зборува за инвестициите во железницата.Во Македонија постојат споменици на инвестициите на СДСМ во железницата – тоа се бетонските столбови на кои требаше да биде направена пругата кон Бугарија.
Покрај никогаш не направената пруга, СДСМ во железницата успешно избрка од работа стотици вработени и успешно не закова ниту една шајка на некоја пруга.
Набавката на нови возови во време на СДСМ е од жанрот научна фантастика. Затоа СДСМ има елементарни непознавања од оваа тема и е во паника кога во Македонија се обновува возниот парк на железницата и се инвестираат милиони евра во реконструкцијата на железничките станици и пруги.
Првиот од новите возови е по европски стандарди како и пругата и истиот ќе започне редовно да сообраќа многу скоро кога ќе се завршат сите редовни процедури како што е веќе завршеното успешно тестирање од страна на европско нотифицирано тело.
Покрај обновувањето на возниот парк, еве уште дел од инвестициите во железницата во овој циклус:
– реконструирани се железничката делница Табановце-Куманово во должина од 12 километри и Миравци-Смоквица исто така во должина од 12 километри, во инвестиција вредна 7 милиони евра,
– во тек е реконструкција на делницата Ногаевци-Неготино од 30 километри и вредност од 9,4 милиони евра,
– во тек е изградба на пругата кон Бугарија, конкретно делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар и вредност од 39 милиони евра,
– во завршна фаза е проектирањето на втората делница кон Бугарија од Бељаковце до Крива Паланка за која се обезбедени средства од 147 милиони евра,
– во тек е изградбата на пруга од Битола до Кременица кон Грција и еден крак до Индустриската зона Жабени, инвестиција од 19 милиони евра,
– во тек е проектирање на нова пруга кон Албанија од Кичево до Лин во должина од 63 километри,
– се заврши со реконструкција на Железничката станица во Скопје во вредност од 2,6 милиони евра,
– во тек е реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10, инвестиција од 1,9 милиони евра кои ќе се завршат во 2016 година.
СДСМ очекувано ќе продолжи со обидите преку пласирање невистини, паушални тврдења и манипулации да ги покрива скандалите во кои се вмешани високи партиски функционери. СДСМ се надева дека преку Фабриките за афери ќе успее да си го поправи мизерниот рејтинг кој заслужено го има.
Меѓутоа за само 84 дена на 24-ти април СДСМ ќе мора да излезе повторно на мегдан со судот на народот. Ќе мора да ги погледне во очи граѓаните кои ги нарекува стока и стадо овци, граѓаните кои сака да ги лаже со бесрамните продукти на Заев, Спасовски и Чаушот и 10-ти пат по ред да се покори пред волјата на народот.Во Македонија постојат споменици на инвестициите на СДСМ во железницата – тоа се бетонските столбови на кои требаше да биде направена пругата кон Б