Градот Скопје остро реагира на невистините изнесени на денешните година/ прес-конференции на СДСМ во кои се посочува состојбата на улицата Пелагонија во Шуто Оризари по последните поројни врнежи и сообраќајната несреќа кај Драчево, кога се преврте автобус на ЈСП.Градот Скопје сака да нагласи дека во Шуто Оризари има доволно чиста вода за сите и не е потребно дополнително водоснабдување со цистерни. Точно е дека во делови од улицата Пелагонија има намален притисок на водата, но ваквата состојба се должи на енормната потрошувачка на вода која во Шуто Оризари изнесува околу 980 литри по глава на жител, споредено со другите скопски општини, како на пример Центар и Карпош, каде што потрошувачката на вода изнесува од 250 до 400 литри по глава на жител.Според сите испитувања направени од релевантни институции на територијата на Општина Шуто Оризари водата е бактериолошки исправна. За жал, процентот за наплата за вода во Општина Шуто Оризари изнесува околу 10 проценти.Дополнително, Градот Скопје во моментов го подготвува проектот и до крајот на годината ќе биде распишан тендер за проект за водоснабдување на Општина Шуто Оризари во вредност од околу 4 милиони евра, со што ова прашање целосно ќе биде затворено.Исто така сакаме да нагласиме дека по последните поројни дождови фекалната канализација на улицата Пелагонија е исчистена и се преземаат сите мерки за санирање на состојбата, што се во ингеренции на Градот Скопје.Градот Скопје изразува искрено жалење за повредените во сообраќајната несреќа кај Драчево. Во овие моменти причините за несреќата не се познати. Се додека стручните служби не ги посочат причините за оваа сообраќајна несреќа ги замолуваме во СДСМ да не прејудицираат со паушални информации и со обвинувања и да не креираат паника меѓу граѓаните.Градот Скопје сака да нагласи дека нашите екипи во две фази проширија и реконструираа вкупно 2,5 километри од булеварот Борис Трајковски (поранешната улица Првомајска), на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата Народни херои и од крстосницата со булеварот Србија до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“. Оваа улица доби 4 коловозни ленти, уредени тротоари, зеленило, осветлување и нова атмосферска канализација.Во 2010 година беше саниран коловозот на булеварот Борис Трајковски и на делницата од мостот на Маркова река до фабриката „ОХИС“ во должина од 2,5 километри, со што значително се зголеми безбедноста во сообраќајот.Стручните служби во Градот Скопје работат на проектите од третата фаза за проширување на булеварот Борис Трајковски.Градот Скопје сака да нагласи дека во Шуто Оризари има доволно чиста вода за сите и не е потребно дополнително водоснабдување со цистерни. То
Пронајдете не на следниве мрежи: