Реакција на ТВ Нова по повод обвинувањата на Љубомир Костовски

Телевизија Нова ги отфрла обвинувањата на членот на ад хок телото за мониторинг на медиумите, Љубомир Костовски и најавува дека за нападот ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации.Во продолжение погледнете го интегралниот текст од ТВ Нова
ТВ Нова во целост ги отфрла обвинувањата на членот на ад хок телото за мониторинг на медиумите, г. Љубомир Костовски. Дека станува збор за паушални и субјективни оценки, говорат неколку факти.
Прво, не е точно дека немало изјава од шефот на македонската делегација во Рим, претседателот Ѓорге Иванов. Таа, веднаш штом е обезбедена, од 15 часот, па сѐ до последното издание на вестите во 22 часот е емитувана без исклучок во сите информативни изданија. Екипата на ТВ Нова се обиде да обезбеди и директно вклучување на претседателот, но поради неговите обврски тоа не беше овозможено. За ова, доколку сакал, г-нот Костовски можел изворно да се информира и од кабинетот на претседателот и во ТВ Нова.
Понатаму, г-нот Костовски тврди дека во ударните вести се пренесувала изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Вистината е дека г-нот Груевски беше гостин во живо во вестите во 15 часот, кои воопшто не се ударни, туку се само еден од блоковите што ги емитуваме секој час. Со оглед дека г-нот Костовски воопшто нема телевизиско искуство, можеме да разбереме дека не знае оти ударен термин секаде во светот за телевизиите е попладневниот и вечерниот, односно по 17 часот. Но, ова секако не го амнестира г-нот Костовски, со оглед дека станува збор за член на тело што треба да оценува телевизии.
Како и да е, гостувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не беше во функција на некакво предизборно рекламирање, како што се обидува тоа да го претстави Костовски, туку беше по повод иницијативата на Груевски за востановувањето на државен празник, кој би го носел името на веќе светата Мајка Тереза. Уредничкиот тим на ТВ Нова смета дека оваа иницијатива е должна за почит и образложение. Доколку г-нот Костовски смета поинаку, тоа е негово право. Обврска за нас неговото мислење би било, кога тој би бил главен уредник, функција во која се надеваме не се гледа.
За посетата на лидерот на СДСМ Зоран Заев на Рим, беше информирано во сите информативни блокови, и со тон и со слика. Тоа што г-нот Заев не даде изјава или некаква иницијатива која би требало да предизвика должно внимание, вината г-нот Костовски треба да ја бара во партијата што го предложи за член на ад хок телото. ТВ Нова останува отворена за сите ставови на СДСМ и на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Јавно го повикуваме на интервју во иста должина како и тоа на Груевски. Воедно ја користиме приликава да ја информираме јавноста и да ја потсетиме СДСМ, дека и покрај нашите многубројни ургенции и барања, воопшто не нѐ информира за своите активности.
Навистина жалиме, што г-нот Костовски гледа политика и во чин како вчерашниот, во кој една наша сограѓанка беше прогласена за светица. Се надеваме дека денешните обвинувања се само лош ден на г-нот Костовски. Не сакаме да веруваме дека телото чиј член е ќе се претвори во цензор и главен уредник на сите медиуми во земјата.
За овој напад од страна на г-нот Костовски, ТВ Нова ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации.Во продолжение погледнете го интегралниот текст од ТВ Нова
ТВ Нова во целост ги отфрла обвинувањата на членот на ад хок те

Пронајдете не на следниве мрежи: