Заводот за рехабилитација на деца и младинци преку соопштение ја демантираше изјавата на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски дека дел од корисниците во оваа институција имаат потреба од лекар, а дел воопшто не треба да бидат сместени во Заводот.– Секој корисник во установата има соодветен наод и мислење издадено од соодветна стручна комисија како и решение за дневно или интернатско сместување во установата издадено од центар за социјална работа. Дел од корисниците во континуитет примаат медикаментозна терапија која е редовно контролирана од доктори – специјалисти, меѓутоа потребата од медикаментозна терапија воедно не значи дека овие корисници треба да бидат сместени во болнички установи со постојан лекарски надзор, се вели во реакцијата.
Од Заводот оценуваат дека при ненајавената посета на министерката и ненајавеното снимање на корисниците на Заводот е направен прекршок во однос на заштитата на личните податоци и приватноста на корисниците.
– До сега не постои ваков пример на омаловажување на нашата установа и злоупотреба на институција во политичко и партиски цели од страна министер за труд и социјална политика, се наведува во писмената реакција.– Секој корисник во установата има соодветен наод и мислење издадено од соодветна стручна комисија како и решение за дневно или интернатско с