Реакција од МОН на прес конференцијата на Петар Атанасов

Голема е иронијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој во 2007 година беше најголемиот противник на основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, квалификувајќи го како непотребен, проект за вдомување партиски кадри, а денес ветува поддршка за негов развој и изградба на студентски дом.Потсетуваме на дел од нивните тогашни изјави и поврзани вести:
…Тале Герамитчиоски од СДСМ праша зошто се формира уште еден правен и економски факултет кога тие се солидно застапени на постојните државни и на петте приватни универзитети. Според него, најдискутабилни се финансиите, бидејќи ќе се зголемат средствата во буџетот за високо образование.
https://www.time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2007&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC%20%D0%B3%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%20%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF&read=6a80f6200b221be
„Штипскиот разгранок на СДСМ неодамна на прес-конференција обвини дека речиси сите новопримени асистенти и професори биле симпатизери или членови на ВМРО-ДПМНЕ“.
https://www.time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2007&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC%20%D0%B3%D0%BE%D1%86%D0%B5%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2%20%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BF&read=18e1cc8c7602618
Тале Герамитчиоски: Моето конкретно прашање е дали се врши политизација и партизација на процесот на конституирање на Државниот универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип“.
https://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/046%20sednica%2031-05-2007.pdf
За волја на вистината, овој универзитет е една од најбрзо растечките високо образовни установи во земјата и се наоѓа на второто место на националната ранг листа со универзитети, изготвена согласно критериумите на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет. Тој ја има поддршката од институциите на системот, како во делот на унапредувањето на студиските програми и наставата, така и по однос на модернизацијата и надградбата на инфраструктурните услови и капацитети.
Така што, ветувањата од оние кои го урнисуваа не само овој универзитет, туку и целокупниот високо образовен систем, вклучително и студентскиот стандард, воопшто немаат кредибилитет.
Актуелната влада е единствената која направи сериозни инвестиции во насока на подигнување на квалитетот на овие два сегменти, преку отворањето на нови високо образовни установи и обезбедување на нивна поголема достапност за заинтересираните граѓани, преку изградба на нови студентски сместувачки капацитети и реконструкција и опремување на постојните, преку набавката на нови лаборатории во рамки на јавните научни и високо образовни установи, превод на нови книги и учебници од кои се учи на најдобрите светски универзитети, отворање на читални и библиотеки, изградба на систем на стипендирање кој нуди повеќе од 40 различни типови на стипендии, вработување за најдобрите студенти…
Паушалните соопштенија на СДСМ, полни со лаги и манипулации, со цел да се дискредитира работата на Министерството за образование и наука, нема да нé спречат да продолжиме со имплементација на развојната стратешка политика за  подигнување на атрактивноста и конкурентноста на високото образование и квалитетот на студентскиот стандард.Потсетуваме на дел од нивните тогашни изјави и поврзани вести:
…Тале Герамитчиоски од СДСМ праша зошто се формира уште еден правен и

Пронајдете не на следниве мрежи: