Реакција од Основниот суд Скопје 1 на соопштението на СЈО

Во врска со објавеното соопштение од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), Основниот суд Скопје 1 – Скопје во интерес на правилно, целсоно и вистинито запознавање на јавноста со реалната состојба во релaција на судот со конкретното обвинителство информираме за следното:Имено, на посочената дата од страна на СЈО, 20.01.2017 година, Јавениот обвинител Лиле Стефанова од СЈО додека сеуште траело работното време во судот, пристигнала во судот и се упатила директно кај дежурниот судија на претходна постапка со 4 барања, што е констатирано и од самиот дежурен судија на барањата кој ги примил во 16:05 часот, без притоа обвинителот истите да ги поднесе преку приемното одделение кај овластениот службеник, а што е спротивно од Деловникот за работа на судот и укажувањето на претседател на судот, да се почитува Деловникот за работа при прием на писмена во судот, заведување и оформување  предмет и внесување во АКМИС – електорнскиот систем на судот.
За судот е нејасно зошто, и покрај воспоставените процедури, јавниот обвинител Лиле Стефанова не ги испочитувал истите и се упатил директно до дежурниот судија на претходна постапка и конкретните барања не се спроведени на соодветен начин и не се внесени во АКМИС системот, а имајќи предвид дека имало доволно време со оглед да работното време на судот е до 16:30 часот, а дежурниот судија постапува по 16:30 часот.
Во однос на предметите во Кривичните совети при овој суд, истите се доделуваат на ист начин како и во останатите оддели, односно исклучително се внимава кој судија колку пати постапувал во советите, а со цел да се запази принципот на рамномерност односно подеднаква распределба на предметите кај сите судии кои одлучуваат самостојно.
Дополнително, зачудува заканувачкиот вокабулар во писмените дописи и јавни соопштенија на СЈО кон судот и судиите, а јавното повторување на имињата и презимињата на судии на претходна постапка и судии во Кривичните совети кои постапуваат по конкретни предмети не можат да  влијаат врз судиите во овој суд и нивното непристрасно и законито одлучување.
Особено ако се земе во предвид начинот на презентирање на соопштенијата каде за судските одлуки од кои СЈО не се задоволни ги објавуваат имиња и презимиња на судиите, додека за оние одлуки од кои се задоволни не ги објавуаат имињата и не се информира јавноста иако се работи за истите судии со што се прави обид за јавен линч на судиите.
Постапувањето согласно Законските процедури и Судскиот деловник од страна на судиите при овој суд во никој случај не претставува „отежнување“ на нечија работа, особено ако другата страна очигледно, намерно или случајно, излегува од воспоставната процедура по која и претходно се постапувало.
Интегрален текст од соопштението на Основен суд Скопје 1 – Скопје.Имено, на посочената дата од страна на СЈО, 20.01.2017 година, Јавениот обвинител Лиле Стефанова од СЈО додека сеуште траело работното време во суд

Пронајдете не на следниве мрежи: