„На високиот претставник на ЕУ, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан мора да му е јасно дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес и граѓаните слободно да можат да го дадат својот глас на изборите“, се вели во партиското соопштение.Без целосна реализација на договореното нема услови за фер и регуларен предизборен и изборен процес, реагираат од опозициската СДСМ, на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, дека не е важно кој ќе учествува на предвремените парламентарни избори, туку тие да бидат квалитетни.
Потсетуваат дека „Вистината за Македонија“ докажала како ВМРО-ДПМЕ и Никола Груевски организираат избори: со криминал и корупција, преку притисоци, закани, фантомски гласачи, фалсификувани лични карти.
„И самиот комесар во изјавата потврдува дека дел од обврските не се исполнети. Тоа се токму оние што обезбедуваат фер и демократски избори: пречистен Избирачки список (препорака на ОБСЕ/ОДИХР во 2011, 2013 и 2014 година) и слободни медиуми (според Договорот од Пржино, планирано за август)“, се додава во соопштението од СДСМ.Без целосна реализација на договореното нема услови за фер и регуларен предизборен и изборен процес, реагираат од опозициската СДСМ, на