четврток, 12 ноември 2026
Најново

Реакција од СДСМ за изјавата на Хан

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„На високиот претставник на ЕУ, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан мора да му е јасно дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес и граѓаните слободно да можат да го дадат својот глас на изборите“, се вели во партиското соопштение.Без целосна реализација на договореното нема услови за фер и регуларен предизборен и изборен процес, реагираат од опозициската СДСМ, на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, дека не е важно кој ќе учествува на предвремените парламентарни избори, туку тие да бидат квалитетни.
Потсетуваат дека „Вистината за Македонија“ докажала како ВМРО-ДПМЕ и Никола Груевски организираат избори: со криминал и корупција, преку притисоци, закани, фантомски гласачи, фалсификувани лични карти.
„И самиот комесар во изјавата потврдува дека дел од обврските не се исполнети. Тоа се токму оние што обезбедуваат фер и демократски избори: пречистен Избирачки список (препорака на ОБСЕ/ОДИХР во 2011, 2013 и 2014 година)  и слободни медиуми (според Договорот од Пржино, планирано за август)“, се додава во соопштението од СДСМ.Без целосна реализација на договореното нема услови за фер и регуларен предизборен и изборен процес, реагираат од опозициската СДСМ, на 

Поврзани вести