Шпекулациите за тоа како изгледаат вонземјаните со децении ги забавуваат децата, филмските продуценти и научниците.Ако постојат, дали вонземските суштества би личеле на нас, или можеби на нешто што не можеме ни да го замислиме.
Одговорот на тоа прашање зависи од тоа како мислиме дека еволуцијата функционира на најдлабоко ниво. Холивуд со години ни ги дава своите прикази за вонземјаните, но сепак, на сите ни е јасно реалноста е многу поинаква од човек во гумен костум. Денес, откако компјутерските анимации ни ставаат многу нешта на дофат, вонземјаните се прикажани и уште пореално (да го земеме за пример филмот „Аватар“).
Во моментов, единствените животни форми што можеме да ги истражуваме се оние кои живеат на земјата и имаат потекло од пред 3.5 милијарди години. Овој заеднички предок е „татко“ на околу 20 милиони видови. Според истражувањето, тие најверојатно изгледале вака:
Но, кога за прв пат де појавиле различни животински видови пред 542 милиони години или повеќе, можеби имало уште поголеми разлики во карактеристиките. Оттаму и ова суштество со 5 очи, или неговиот далечен роднина, кој личи на цвет.
Еве што ќе се случи ако ја вратиме наназад „лентата“ на животот:
Познатиот биолог Стивен Џеј Гуд направил експеримент за да покаже токму што ќе се случи ако ја вратиме „лентата“ на животот наназад. Како што се гледа и од сликата, постојат риби, амфеби, рептили и цицачи. Но, што ако тие исчезнале и интелигентниот живот настанал од некоја друга група? Дали тие воопшто би наликувале на нас?
Одговорот лежи во еволутивното претворање: Процес низ кој далечните роднини на животните заликуваат едни со други. На пример, делфините, туните и другите риби имаат заеднички предок но се различни.
Во зависност од хемиските елементи и гасови што виреат на Земјата, се обликуваат и видовите, но во еволуцијата улога имаат и механизмите за зачувување на информациите, како ДНК и РНК.
Иако првите клетки се појавиле многу рано, на многуклеточните животни им требале 3 милијарди години да еволуираат.
„Џиновски интелигентни инсекти“
Што ако најинтелигентните суштества способни за преминување на вселенските граници се по потекло од инсектите?
Инсектите се најраспространетиот вид на земјата, но надворешниот скелет го отежнува растењето, што во наши услови е неопходно за комплексните мозоци.
Познато е дека поинтелигентните видови имаат поголем мозок од другите. Да ги земеме за пример мајмуните, китовите, кучињата, октоподите.
Не е сигурно дали е важна симетријата: две очи, две уши и многу од органите што доаѓаат во пар, но фактот што имаме раце и нозе со по 5 прсти упатува на најраниот предок.
Ова најмногу ни помага во одгатнувањето на мистеријата околу тоа како би изгледал интелигентниот живот кој потекнува од друг предок.
Основен начин на кој трагаме по вонземјаните во моментов е со слушање на радио или гама зраците, а особено сме сконцентрирани околу системите од ѕвезди со планети со што наликуваат на Земјата, и за кои се верува дека на нив е можен живот. За жал, полесно ни е да бараме „живот каков што ни е познат“, отколку живот каков што не можеме ни да замислиме.Ако постојат, дали вонземските суштества би личеле на нас, или можеби на нешто што не можеме ни д