Реализација на проект е поим непознат во вокабуларот на СДСМ. Затоа во СДСМ им е неприродно дека е можно некој да започне проект за потребите на граѓаните, да го следи до крај и да присуствува на неговата реализација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-Сите проекти кои беа промовирани денеска беа предложени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се започнати од владата на чие чело беше Никола Груевски. Сите проекти кои беа промовирани денеска се во општина во која градоначалникот е член на партијата на која претседател е Никола Груевски. Ова е доста различно од ситуацијата кога Андреј Жерновски од ЛДП го канеше Зоран Заев од СДСМ на пуштање во употреба на детска градинка, објект кој го симболизира нивното политичко делување, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако Заев имаше изградено барем една од 300-те ветени фабрики во индустриската зона Сачево, се додава во соопштението, немаше да мора да сече ленти на проекти кои ниту ги почнал, ниту му биле во програма.
-Но Заев и СДСМ не сакаат проекти кои го подобруваат животот на граѓаните на Република Македонија. Тие сакаат да ја видат Македонија онаква каква што ја остави СДСМ – односно онаква каква што постои во индустриската зона Сачево. Камен на камен. СДСМ и Заев со деструктивните тактики и манипулации нема да успеат да го одвојат Никола Груевски од народот во чиј интерес тој секогаш работел и ќе продолжи да работи.-Сите проекти кои беа промовирани денеска беа предложени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се започнати од владата на чие чело беше Никола Груевски. Си