Реализирани се пет милиони евра субвенции во Градско

Од 2006 до 2015 година земјоделците во Градско имаат добиено пет милиони евра субвенции најмногу за лозарство, поледелство и овоштарство, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по средбата со земјоделците од оваа општина.Костадиновски нагласи дека Владата ќе продолжи да им помага на земјоделците и заеднички со нив да ги решава проблемите во аграрот.
Осврнувајќи се на досегашните активности во Градско, заменик-министерот информира за канализациската мрежа, инфраструктурните проекти и изградбата на улиците. Во делот на водостопанството, рече, се работи на техничка документација за добивање техничка вода за село Виничани.
– Освен во земјоделството, Владата инвестира и во руралниот развој, со цел подобрување на животот на локалното население, подвлече Костадиновски.
На состанокот, земјоделците укаажаа на потребата од санација на мостот на реката Вардар во село Уларци. Костадиновски ги повика на меѓуресорен состанок во Министерството за да се разгледа проблемот и да биде, како што истакна, решен што поскоро.
Во реонот на Градско моментално е во тек огласот за закуп на околу 100 хектари државно земјоделско земјиште.Костадиновски нагласи дека Владата ќе продолжи да им помага на земјоделците и заеднички со нив да ги решава проблемите во аграрот.
Осврнува

Пронајдете не на следниве мрежи: