РЕЦЕПТ: Како се „прават“ синови, а како ќерки?

Теоријата дека желбата на родителите влијае врз изборот на полот на детето е стара колку и човештвото.Како што одминувало времето, така се создале митови и легенди за сите начини на кои може да влијаете врз изборот на полот на детето. На пример: мора да водите љубов за време на полна месечина, ако сакате девојче. Или, пак дека момчињата се “прават” во непарни денови … Се разбира, овие “рецепти” се смешни и не се за верување. Но, што е со научните истражувања на оваа тема?
Водечката теорија за селекција на полот, се базира на фактот дека човековите клетки имаат 46 хромозоми или 23 пара. Од нив 44 или 22 пара – ја одредуваат бојата на косата, очите, висината … Еден пар, односно два хромозоми, наречени X и Y хромозоми, го одредуваат полот: ХХ е комбинација од женски, а XY за машки. Јајцето секогаш има X хромозоми, додека сперматозоидите можат да имаат или X или Y хромозом.
Полот на децата се утврдува во текот на бременоста. Ако оплодената јајце клетка е со сперматозоид со X хромозоми, ќе добиете девојче, а доколку е со хромозомот Y, ќе се роди момче. Полот на децата, според ова, целосно зависи од сперматозоидите кои ја оплодиле јајце клетката.
Спермата е составена од мешавина на сперматозоиди X и Y, кои според нивните карактеристики се нарекуваат како “постојаните Х” и “брзите Y” и нивниот однос во спермата е околу 50:50. Х сперматозоидите се поголеми, побавни и живеат многу подолго.
Многу се поотпорни на вагиналната флора и можат да преживејат дури 5-6 дена. Y сперматозоиди се помали, но имаат подолга опашка, што ги прави побрзи и поподвижни. Тие не се отпорни и не живејат долго, во повеќето случаи умираат во рок од два дена.
Со оглед на забележаните карактеристики на X и Y сперматозоидите, развиени се теории за тоа како можете да имате влијание на зголемување на шансите дека ќе го добиете детето со посакуваниот пол.
Но, пред да почнете со подготовка на “рецептите”, треба да се напомене дека многу е важно, да се утврди точниот ден на овулацијата. Ова може да се направи со еден од стандардните методи: со мерење на базалната температура или со различни алатки за откривање на овулацијата.
Рецептите за момчиња и за девојчиња, погледнете ги на следната страна:

 
Рецепти за девојчиња
Треба да имате сексуални односи три дена пред овулацијата, но и да избегнувате секс еден-два дена пред очекуваната овулацијата. На овој начин, единствениот преживеан сперматозоид ќе биде “постојан Х”.
Исто така, советувајте се како да се обидете да го намалите бројот на сперматозоидите на природен начин, односно имајте често односи со партнерот. Поточно, докажано е дека намалениот број на сперматозоиди влијае на зголемување на процентот на Х сперматозоидите во спермата.
Од сексуалните пози кои се препорачани, е таканаречената мисионерска поза (жената одоздола, а мажот горе). Врз основа на опишаниот рецепт, шансите да добиете девојче се 75-80 проценти, под услов точно да сте го определиле денот на овулацијата.
Рецепти за момчиња
Треба да имате секс 24 часа пред овулација. Бидејќи Y сперматозоиди се побрзи и помобилни, ќе стигнат до целта многу побрзо пред сперматозоидите Х. Покрај тоа, зголемете го бројот на сперматозоиди со тоа што ќе се воздржите од сексуални односи три до четири дена пред планираното зачнување. На овој начин ќе се зголеми бројот на сперматозоиди, како и количината на Y сперматозоиди, со што и веројатноста дека ќе добиете момче е поголема.
Но, бидете внимателни. Премногу долга апстиненција може да биде контрапродуктивна. Сексуалната поза која е препорачана, е таканаречената кучешка поза. Врз основа на овој рецепт, шансите да се добие момче се 80-85 проценти, под услов точно да е определен денот на овулацијата.Како што одминувало времето, така се создале митови и легенди за сите начини на кои може да влијаете врз изборот на полот на детето. На пример: мор

Пронајдете не на следниве мрежи: