РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: ДОМАШНИ СНИКЕРС ЧОКОЛАДЦА

За многумина сникерс чоколадцето е омилено. Зошто да не се обидете да го направите и дома, лесно и едноставно, а вашите најмили ќе ги обожуваат. 
 
 Еве што ви е потребно:
Состојки:
млекокарамел бонбонипутер од кикирикипутершеќер1 лажица ванилачоколадо за готвење160 гр. muchmallow (белиот дел од muchmallow) или пена1,5 чаша солени кикирики , ситно сечкани0,5 кг цврст карамел/бомбони
На тавчето ставете алуминиум фолија или мрсна хартија која може да се пече. Растопете дел од чоколадото и ставете тенок слој на фолијата.
 
Во тенџере , ставете путер, шеќер , и млеко. Ставете на средна – висока топлина и се меша често додека путерот и шеќерот се растопат.
 
Во меѓувреме , осигурајте се дека путерот од кикирики, кремот (мачмалоу) , и екстракт од ванила ви се во близина. Кога путерот и шеќерот ќе почне да се вари , варете го четири минути , мешајќи постојано да не загори. Во ова време мешавината треба од светла да потемни и да добие повеќе текстура.
 
По четири минути , веднаш отстранете од топлина и се промешува со путер од кикирики, мачмало или слатка павлака изматена и екстракт од ванила.
 
Промешајте го брзо, пред шеќерениот сируп да почне да се зацврстуваат и кристализира. Додека се меша треба да добие светло беж боја и мека текстура. Ставете во тавата над чоколадото и ставете во фрижидер да се излади додека да се подготви карамел слојот.
 
Карамел слој
Ставете ги меките карамели во микробранова и додадете една лажица или две вода или крем. Точниот износ зависи од тоа колку мек сакате да е вашиот карамел – ако сакате да е помек додадете повеќе вода или крем.
 
Во микробранова топете ги по 30 секунди па промешајте, па пак 30 секунди се додека смессата не се стопи. Отприлика 1-2 минути за да се направат течни и мазни. Додадете солени кикирики и мешајте додека кикириките не бидат целосно обложени со карамелата.
 
Ставете путер од кикирики и промешајте – ако не се меша со лажица убаво наквасете ги рацете со вода па мешајте со раце. Ставете над смесата која претходно ја ставивте во тавчето и ставете во фрижидер да се излади, но не многу долго зошто нема да се сече убаво.
 
Потоа исечете штанглички и секоја потопувајте ја во растопеното чоколадо – оставете да се стврдне чоколадото и вашите сникерс чоколатца се готови.

Извор: hitkujna.com.mkЕве што ви е потребно:
Состојки:
млекокарамел бонбонипутер од кикирикипутершеќер1 лажица ванила

Пронајдете не на следниве мрежи: