Посна пита со тиква и цимет!За питата со тиква потребно ви е:
– 800 гр тенки кори за пита
– 1 кг тиква
– ванилин шеќер по желба
– цимет по вкус
– 3 лажички масло
– шеќер
– шеќер во прав
Начин на подготовка:
Подсварете ја очистената и изрендана тиква со 3 лажици масло и шеќер на умерена температура.
Наредете 3 кори а работната површина и секоја попрскајте ја со мешавина од вода и масло. Потоа одозгора филувајте со филот од тиква, посипете со цимет по желба и завиткајте во ролна, па редете во намастен плех. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, додека питата не добие златна боја.
Кога питата ќе биде готова и малку изладена, посипете ја со шеќер во прав, исечете ја на парчиња и послужете. За питата со тиква потребно ви е:
– 800 гр тенки кори за пита
– 1 кг тиква
– ванилин шеќер по желба