Red Bull Campus Clutch е повторно во Македонија!

Првиот глобален студентски гејминг турнир по вторпат доаѓа во Македонија!

Red Bull Campus Clutch е повторно во игра! Се работи за глобален студентски турнир во играње VALORANT на кој ќе земат учество повеќе од 50.000 студенти од 300 универзитети од 50+ држави. Притоа, истите тие ќе земат учество на повеќе од 400 натпревари низ целиот свет за влез на единственото глобално финале во VALORANT!

Инаку VALORANT или една од најозборуваните, најгледани и најиграни игри во последниве неколку години, е ИГРАТА која се игра на Red Bull Campus Clutch, турнир на кој учествуваат тимови составени од по 5 играчи-студенти.

Натпреварувањето ќе се одржи во следните фази:

Национални квалификации (онлајн)

Први квалификации – 23 октомври 2022 година и

Втори квалификации – 30 октомври 2022 година

Повеќе информации за националните квалификации и пријавувањето можете да најдете на https://www.redbull.com/mk-mk/events/red-bull-campus-clutch-macedonia.

Национално финале (во живо)

6 ноември 2022 година.

Најдобрите 4 тимови ќе ги измерат силите во живо на необична локација за гејминг – во ноќен клуб. Повеќе информации наскоро.

Глобално финале

Декември 2022 година, Бразил.

Победничкиот тим на национално ниво ќе има шанса да ја претставува Македонија на глобалното финале во Бразил и со тоа да се бори за крајната титула – најдобар студентски VALORANT тим во светот!

Оформи тим и пријави се за гејмерска светска авантура!

Пријавувањето и сите подетални информации можете да ги најдете тука.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.