Ги разбирам сите настани кои се случуваат овие денови, како дел од едно сценарио за дестабилизација на државата и доаѓање на власт по секоја цена без демократски избори. Само еден настан тука не ми е сосема јасен, а тоа е кампањата „Го сакам ГТЦ“, која трае одамна и која зема замав затоа што владата работи систематски и до сега немаше распоредено средства да го заврши овој проект.Сепак, кампањата би ја ставил на куп со сценариото за дестабилизација на државата и давање отпор на сѐ што се прави, затоа што група на луѓе се платени од странски (ајде да не кажам служби) фондации. Тие луѓе се дел и од незадоволни и професори и студенти и средношколци и новинари и ЛГБТ заедница, буквално учествуваат (читај одработуваат) на сите протести, чија крајна цел стана јасна од пред неколку месеци.
Но, тоа не е тема на овој текст. Текстот се однесува исклучиво на референдумот за ГТЦ. За да станат работите појасни, ќе раскажам една приказна која ми се случи мене лично. Кога пред четириесет години за прв пат бев во Париз, таму, во срцето на градот, на местото на стариот пазар, беше изграден супермодерен Градски трговски центар, кој беше четири ката под земјата. До половина на центарот имаше парк, а на средина ботаничка градина, која доаѓаше од подземните катови до призамјето. Втората половина од трговскиот центар беше официјалниот влез и првиот кат, иако од сите страни имаше еслалатори. Се сеќавам дека тогаш тој центар важеше како најдобар во целиот свет со 4.400 бутуци, преку 20 кино сали, затворен базен и многу други содржини. Таму е и главната метро станица, која оди уште два спрата под земја, а на најдолниот спрат е RER- брзата железница, со која за 30 минути се стигнува се стигнува до најголемиот аеродромот Charles de Gaulle- Roissy. Тој трговски центар се вика Фorum des halles.
Пред две години, кога повторно бев во Париз, видов дека целиот тој простор е заграден со метални огради и се изведуваат градежни работи. Тогаш прашав некои пријатели што се случува. Тие ми одговорија дека центарот се реновира, затоа што веќе бил застарен, на трговците не им одела работата како порано, па затоа тие одлучиле да вложат во ентериерот, а државата во зелените површини и треба да биде завршен до крајот на 2015 година.
Тоа за мене беше големо изненадување и веднаш ми текна на нашиот ГТЦ. Тој е изграден седумдесетите години, а сѐ уште не е реновиран. Додуша, квалитетот и работата се сериозно опаднати, мермерните плочки се премногу стари и испокршени, иако можеби во седумдесетите биле нешто најквалитетно. Продолжив да размислувам и дојдов до заклучок дека тој одамна не е најатрактивното место во градот, иако би требало да биде со оглед на неговата местоположба. Приземјето делумно функционира, а спратовите се полупразни. Дуќаните што останаа на спратовите се со подпросечна или кинеска стока, Outlet продавниците се веќе ексклузива таму, така што за некоја година тој ќе се претвори во руина.
Сопствениците на дуќаните немаат никаква намера да вложуваат во негово реновирање, меѓу другото, затоа што не им оди работата, за разлика од Форим- от каде што тие на време го забележиле тоа и инвестирале за подобар изглед и подобар промет. Од друга страна имаме една сосема обратна ситуација, каде што државата нуди целосно реновирање на ГТЦ, што опфаќа мермерните плочки да бидат заменети со гранитни, кои се поквалитетни и му даваат топлина на просторот, понатаму тој ќе биде целосно климатизиран и преку зима ќе биде топло а преку лето ладно, што ќе ги привлекува купувачите, како што е тоа во другите трговски центри не само во светот туку и во Скопје.
Ваквото реновирање ќе привлече нови атрактивни брендови, на кои ќе им биде атрактивно да земат дуќани во простор кое е направен според светски стандарди. Што се однесува до екстериерот, тој е замислен во неокласицизам, затоа што од едната страна е најстарата згреада во Скопје-Собранието на Република Македонија, а од другата страна се зградите во неокласицизам на самиот брег на Вардар.
Со мали измени на фасадата, која во внатрешноста ќе остане иста, во најголем дел се заокружува една целина во ист стил што е потполно логично и што ќе му даде многу поубав изглед на целиот тој дел од градот. На крај треба да се реновираат и најгрдите пет згради во Скопје, кои според тоа што го видовме ќе изгледаат како зградите на Мanhattan, со сосема мали корекции, но ќе бидат и покриени, што беше нивниот најголем проблем до сега.
Наместо сите да бидат среќни се појавува здружение, кое не го сака овој потфат. Како може некој да го сака градот, а да не сака тој да се развива? Нема ниеден град во Европа, кој стагнираше како Скопје од седумдесетитте, па до пред десетина години. Што е најважно, ова здружение „Го сакам ГТЦ“ пропагира дека во него има многу стари скопјани кои се сеќаваат на тие денови и кои се носталгични, иако знаеме дека пред земјотресот градот имал 166 000 жители, а сега има околу 600 000. Понатаму, не ми се јасни дел од архитектите. Можеби на нашите факултети не се учи нешто спектакуларно, но сега не треба ни да се патува, едноставно може да се следи на интернет, што се случува во светските метрополи.
Таму, не само што доминира барокот, туку со закон е забрането да се менуваат тие фасади и доколку се реновираат мора да бидат во потполно идентичен стил, а секако дека се прават и новоградби, како што се прават и кај нас. Во сите европски метрополи судот, Собранието, Владата и Градската куќа се во класичен стил, затоа што на таков начин тие претставуваат авторитативни и репрезентативни институции. Не верувам дека има градско собрание во бараки, дури и во најзаостанатите држави во светот.
Но, да не се одалечувам од темата. Инаетот на здружението оди до таму, што ќе се организира референдум за ГТЦ на ниво на Општина центар. Иако тие тврдат дека имаат адвокати и правници кои им помагаат, референдумот ќе биде за граѓаните на Општина Центар, иако во самиот назив на центарот стои „Градски”, што значи дека е во надлежност на Градот, а со него стопанисува Јавно претпријатие кое е во сопственост на државата, односно Владата на РМ.
Значи, во најмала рака, Градот треба да организира таков референдум, бидејќи центарот му припаѓа на целиот град. Затоа се поставува прашањето, дали и овој референдум е провокација за понатамошна дестабилизација на државата?
Пишува: Доц. д-р Александар ДаштевскиСепак, кампањата би ја ставил на куп со сценариото за дестабилизација на државата и давање отпор на сѐ што се прави, затоа што група на луѓе се пла