На 9 Јуни гостував на емисијата на Канал 5 „Само вистина„. Покрај најактуелната тема за влез во НАТО стана збор за реформите на Прибе. Пред крајот на емисијата истакнав дека актуелната влада треба под итно да се зафати со реформите во правосудството, кои се состојат пред се во изборот, наградувањето и разрешување на судиите. Во продолжение реков дека сега се запоставуваат тие реформи, а како приоретет се ставаат донесување на нови „реформски зафати„ како што се легализација на лесните дроги пред се марихуаната и легализација на проституција, на сметка на тоа што за реформите на Прибе ќе требало долго време.
Водителката се обиде неколку пати да ме прекине, меѓудругото дека тоа бил дел од некој такст во колумна, како и што фалело да се донесат тие закони. Постојано така во нашата држава. Луѓето не се доволно информирани и кога проблемот ќе стане сериозно голем, кога последиците ќе станат несогледливи, тогаш почнуваат дебатите.
Прво, ништо што се предлага во државата не е случајно. Тоа се прави по аршините на Сорос, кој нели им помогна на левоориентираните структури да дојдат на власт, како што пишуваше и Викиликс. Таква е состојбата и во Албанија. За владата составена со помош на Сорос, на чие Чело е Еди Рама можевме да слушнеме лично од лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша на Конгресот на Европската народна партија на Малта. Тој рече дека главнита закана за неговата земја се притисоците од страна на организираниот криминал и трговија со дрога, кои се закана за темелите на демократскиот соживот и владеењето на правото.
Согласно со официјалните извештаи на најважните меѓународни фактори, Албанија била држава број еден производител и снабдувач на Марихуана во Европа. Минатата година извештаите утврдиле дека производство на дрога во република Албанија се зголемило за пет пати, споредено со 2015. На сателитска снимка се идентификувани 2086 насади на само 17 проценти од територијата. На тие плантажи работеле илјадници луѓе, кои ги чуваат стотици вооружени стражари, вработени од организираниот криминал. Во продолжение тој наведува дека се работи за цела индустрија, која е заштитена дирекно од владата на Република Албанија, што според истите меѓународни извештаи прави стотици милиони евра. Таа станала клучна порта за дистрибуција на Хероин во цела Европа и база за операциите на организираниот криминал во регионот, а посебно за перење на пари. Според него ваквата драматична ситуација е директна последица на дејствијата на актуелната влада на Социјалистичката партија која промовира дилери на дрога и криминалци што се осудени во Европа за организиран криминал, а кои станале, пратениви, градоначалници и владини функционери. Овој криминал и криумчарењето на дрога се случува во срцето на Европа.
Истото тоа ќе се случи и во Македонија доколку дојде до легализација на лесните дроги. Може да биде и во пошироки размери, бидејќи, овде има подобра клима за одгледување на психотропни супстанции. Тоа ли го сака народот во Република Македонија, иако никој нема ни да го праша. Сега гледаме дека вториот дел од субвенциите на земјоделците не се исплаќаат. Посебно се во тешка состојба обние кои се занимаваат со тутунот. Можеби треба да ја променат замјоделската култура.
Најверојатно ќе треба да отвориме дебата, но бидејќи се работи за лесно прашање, додека го замајуваме македонскиот народ со незначителни и споредни работи, може да ни се случат вакви реформи, кои му одговараат на Сорос но македонската нација ја водат во бездна. Да не ја запораваме и легализацијата на проституцијата. Не сум информиран колку е опасно тоа прашање за Република Македонија, но знам дека во западниот дел на државата има десетици ноќни клубови со танчерки. Тие танчерки се некој вид на бело робје. Бидејќи тие се експлоатирани и злоупотребувани за давање на неограничени сексуални услуги во клубовите. Дали Македонија треба да стане центар на бело робје со таквата легализација? Ако ги прашате танчерките, тие ќе ви одговорат дека се доброволно тука. Таквиот одговор го даваат, бидејќи се под сериозна закана за нивниот телесен интегритет и живот. Што друго ќе добијат тие освен здравствена заштита? Имаше неколку Холивудски филмови за тоа како нивните роднини од сиромашните источни држави, посебно Украина ги продаваат за пари во балканските држави. Доколку проституцијата се легализира и се претвори во бизнис во опасност се и животите на ќерките на македонските граѓани. Веројатно поголем дел од граѓаните не сакаат да ги гледаат овие лоши филмови. Кога ќе дојде време ќе отвориме дебата за тие прашања, сега тоа ни е од приоритетно значење.
Ако ги погледнеме реформите на Прибе, ќе видиме дека тој во секоја глава по неколку пати напоменува дека тие треба да не доведат до владеење на право и правна држава, почитување на човековите права и воспоставување на систем на вредности со имплементирање на веќе донесените реформски закони во согласност со ЕУ. Не знам дали овие нови предлози, кои патем, до сега не се споменуваа ќе не донесат до тоа.
Конечно, ако судиите ги избираат странци, тоа значи ограничен суверенитет на државата, иако и така владата ни ја избраа странците, сега уште судиите да ни ги изберат, ќе добиеме целосен протекторат. Веројатно следниот чекор ќе биде да ги избираат и јавните обвинители, затоа што СЈО се избра со посредство на странците. Ние не сме можеле сами да избереме, а странците кои не го познаваат ни менталитетот, ни правниот систем на државата, ни личностите кои треба да бидат изберени, полесно ќе го стореле тоа, затоа што не се пристрасни. Не знам кое е решението за понатаму бидејќи тоа е процес кој трае. Дали тие странци, ќе доаѓаат постојано или ќе бидат нешто како Републички судски совет.
Ова да и го спомнете на некоја друга држава, во најмала рака ќе ве сфати несериозно. Бугарија има огромни проблеми со судството. Иако е долго време земја членка на ЕУ, нејзиното судство е под постојан мониторинг, бидејки има исклучително лоши резултати. До сега ниту таа самата побарала, ниту пак ЕУ или друга меѓународна организација предложила такво нешто. Но во Македонија се остварија многу работи за кои мислевме дека се невозможни. Можеби и ова е некој договор зад затворени врати. Ако сето ова се случува, зошто би постоеле тогаш како држава, бидејки сега ќе биде отворена дебата и за националните симболи, односно за идентитетот. Или пак можеби федерализација е решениото?