Во предложената влада на Зоран Заев, речиси и да нема министер кој нема досие или не бил осудуван за кривични дела. Неговата „реформска“ влада има поабаритен багаж од кривични пријави за сериозни кривични дела, некои гонети па дури и осудувани за криминални дејанија, пишува Нетпрес.Така, идниот премиер Зоран Заев, во врска со сторен криминал, се споменува во низа случаи: а Глобал, Пуч, Цареви кули, Поткуп, Струмица гас, има кривични пријави за се’ ова и семејни тендери…
Истрага за изборен криминал, злоупотреби на Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите за случајот „Цареви Кули“, како и јавното обелоденување за скандалозно криминалните тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“, кои Заев му ги давал на неговиот сопартиец, Митко Андреевски, инаку претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, се само дел од аферите.
Се води истрага и за коруптивни зделки направени од одговорни лица во Општината со која раководи Заев. Со овие ,,бизниси” незаконски биле „испумпани“ десетици илјади евра буџетски пари на сметки на фирми блиски до локалните функционери на СДСМ. Станува збор за околу 4-5 јавни набавки, за асфалтирање на улици во струмичкото село Дабиле. Во случајов, изведувач на градежните активноти е фирмата „Дикор ЦД чиј сопственик е синот на поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Ивановска.
Лидерот на СДСМ веќе има една кривична пријава за работењето како градоначалник во општина Струмица. Тој е осомничен за злоупотреба на положбата откако со камера беше снимен како бара мито од 200.000 евра за изградба на црква во општината.
Заев се товари и за злоупотреба на средства за финансирање на последната изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи. Осомничени за изборни измами во истрагите кои ги води Основното јавно обвинителство се и Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и бившот министер во МВР од редовите на оваа партија, Оливер Спасовски.
„Нетпрес“ за овој случај пишуваше дека станува збор за сомненија за нелегално финансирање на кампањата и корупција при изборниот процес, односно купување на гласови или правно влијание врз волјата на гласачите. Првичните сознанија на истражните органи се дека во прашање се илјадници гласови, а што се однесува, пак, до сумите кои фигурираат засега информации велат дека стануба збор за стотици илјади евра. Освен парите, се проверува и поврзаноста и нудењето на разни други услуги во замена за гласови, како условување со вработувања, тендери преку кои потоа се финасирала кампањата и разни активности преку т.н. невладин сектор. Неофицијално, Вице Заев наводно бил фатен како дели пари на ромското население во Турското маало во Струмица, и дека за тоа имало и докази.
Истрага за изборен криминал, злоупотреби на Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите за случајот „Цареви Кули“, како и јавното обелоденување за скандалозно криминалните тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“, кои Заев му ги давал на неговиот сопартиец, Митко Андреевски, инаку претседател на комисијата за енергетика на партијата.
Кога станува збор, пак, за вториот човек на СДСМ, односно идната министерка за одбрана, Обвинителството бара мерки на во февраури минатаа 2016 година Обвинителството побара мерки на претпазливост за сопругот на Радмила Шекеринска. Скопското обвинителство, постапувајќи по пријава од Министерството за внатрешни работи поведе постапка против Божидар Јанковски, управител на компанијата „Дајнерс клуб Македонија“ и сопруг на заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска за злоупотреба на службена положба и овластување.
Обвинителството до Основниот суд Скопје 1 поднело и предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа: привремено одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање и обврска за повремено јавување во суд.
Сопругот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, попознат како Бобо Дајнерс заработи кривична пријава за затајување на данок и злоупотреба на службената должност.
Според пријавата на полицијата во периодот од 1. јануари 2009. до 31. 12 2013. односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во Дајнерс Клуб интернационал мак ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор, односно Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.
Синот како директор на Дајнерс според МВР исплаќал и пари кон мајка си. Од 1ви ноември 2009та до февруари 2013та авансно на 12 ноември 2009та се исплатени кирии во износ од речиси 90 000 евра за стан на булеварот Партизански одреди во Скопје. Вкупно во 2009та се исплатени над 100 000 евра по основ на кирии.
Во 2010та гоидна исплаќана е кирија за стан на улица хаванска по цена од 2500 евра месечно од јули до ноеври а во месец декември закупнината скокнала на 2900 евра. За станот во Охрид Јанковски сам на себе си исплатил кирија од 27.000 евра.
Во 2011та исплаќана е закупнина за станот на улица Хаванска по цена од 2900 евра месечно во месеците јануари и февруари. Од март до крајот на годината закупнината драстично се зголемила на дури 5300 евра емсечно. Во текот на оваа година директорот на Дајнерс сам на себе си исплатил 70.000 евра.
Во текот на 2012та за истиот стан исплаќана е закупнина по цена од 5300 евра месечно или на годишно ниво 50.000 евра од Бобо Дајнерс за Божидар Јанковски. Истата математика била направена и во 2013та кога повторно за станот на Хаванска биле исплаќани по 5.300 евра месечна кирија.
Вкупно за периодот од 5 години од сметката на дајнерс на сметката на сопругот на радмила Шекеринска биле префрлени нешто под 20 милиони денари или над 300 000 евра. Од извршениот увид на управните служби на МВР утврдено е дека прво пријавениот и членовите на неговото семејство просториите кои ги изнајмувале ги имале пријавено и како адреси на кои живеат а впрочем на овие адреси и живееле.
За тројца од ДУИ во новиот владин кабинет, идните министри Рамиз Мерко, Бујар Османи и Садула Дураку, постојат сомненија за сторен криминал, пишува порталот Либертас.
Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик.
Поранешниот портпарол и поранешен министер за здравство од редовите на ДУИ Бујар Османи, е осомничен за нелегални набавки во времето кога тој беше министер за здравство. Сомнежите се за проектот за реконструкција на Државна болница во износ од 400 илјади евра.
Поранешниот министер за земјоделство и градоначалник на Липково, Садула Дураку, се дознава дека се уште не го исчистил досието за извештајот на Државниот ревизор, каде било констатирано дека за време на неговото раководење со Министерството за земјоделство, фалеле милиони евра. Дураку исто така е спомнат и во судските рочишта за случајот „Куманово“. Се шпекулира дека тој со наредба од Али Ахмети е испратен за преговори со „Кумановската група“, за дознавање на нивните мотиви.
Либертас објави и дека министерот без ресор кој може да биде назначен за вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, бил дел од аферата за незаконско учество на неговата компанија ЕФТ – Македонија со три други компании, кои се здружија со цел диктирање на високи увозни цени за електрична енергија. Антимонополската комисија пред пет години поднесе прекршочна пријави поради ова. Нема информации дали овој случај е затворен.
„Нетпрес“ дознава дека Садула Дурали има две кривични пријави, од 08. 06. 2010 г. поднесена од Одделот за организиран криминал за кривично дело од член 353 став 2 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службената положба и овластување” – со поголема имотна штета); и од 12. 02. 2015 г. поднесена од СВР Куманово за кривично дело од член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службената положба и овластување“).
Во досието на Хазби Љика стои малолетнички затвор од 1 година и шест месеци затвор од 21. 02. 1990 година за кривично дело по член 114 од КЗ на СФРЈ (“Контрареволуционерно загрозување на општественото уредување”). Казната е изречена од Сојузен суд. Со одлука на Претседателството на СФРЈ од 18. 04. 1990 година истиот е помилуван за ова дело и пуштен од КПД Идризово на 22. 04. 1990 година Исто така, тој има и условна осуда на Основен суд Тетово од 24. 09. 2012 година од 03 месеци затвор со време на условување од една година за кривично дело од член 353 став 2 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службената положба и овластување” – со поголема имотна штета).
Рамис Мерко, предложен од Заев за министер бе ресор, минува во казнена евиденција со условна осуда на Основен суд Струга од 25. 02. 1998 година од 3 месеци затвор со време на условување од една година за кривично дело од член 378 став 1 од КЗ на РМ (“Фалсификување исправа”). Како и условна осуда на Основен суд Струга од 28. 1. 2008 година од 03 месеци затвор со време на условување од една година за кривично дело од член 377 став 3 од КЗ на РМ (“Неизвршување на судска одлука” – став 3 се однесува на неизвршување на Одлука на Уставниот суд на Република Македонија). Истиот минува и со десет кривични пријави поднесени од ПС од ОН Струга :
Кривична пријава до ОЈО Струга од 17. 08. 2007 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 16. 10. 2007 г. за кривично дело по член 353 став 3 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 15. 11. 2007 г. за кривично дело по член 353 став 3 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 08. 01. 2008 г. за кривично дело по член 353 став 3 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 10. 03. 2008 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 16. 03. 2012 г. за кривично дело по член 225 став 1 од КЗ на РМ (“Узурпација на недвижности”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 13. 11. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 13. 11. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 2 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 01. 12. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 2 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”); и
Кривична пријава до ОЈО Струга од 04. 12. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”). Пет од овие десет кривични пријави се ОТФРЛЕНИ бидејќи е констатирано дека се работи за кривични дела коишто не се гонат по службена должност.
Самка Ибраимоски, предложениот за министер без ресор, го има во казнената евиденција со :
Условна осуда од Основен суд Тетово од 1999 година од 06 месеци со време на условување од една година за кривично дело од член 111 од Законот за девизно работење (Наплата или исплата во девизи или злато спротивно на одредбите на овој Закон за потребите на претпријатие или друго правно лице). Оваа казна му е избришана со Решение на Основен суд Тетово од 16. 12. 2008 година;
Парична казна од Основен суд Тетово од 24. 09. 2007 г. од 20.000 денари за кривично дело по член 280 став 2 од КЗ на РМ (“Фалсификување или уништување деловни книги”);
Условна осуда од Основен суд Тетово од 25. 11. 2008 година од 06 месеци со време на условување од една година за кривично дело од член 257 став 2 од КЗ на РМ (“Оштетување или повластување на доверители”);
Парична казна од Основен суд Тетово од 05. 05. 2010 г. од 183.600 денари за кривично дело по член 244 став 2 од КЗ на РМ (“Оштетување туѓи права”);
Парична казна од Основен суд Тетово од 15. 03. 2012 г. од 18.300 денари за кривично дело по член 149 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на лични податоци”); и
Условна осуда од Основен суд Тетово од 29. 04. 2013 година од 04 месеци со време на условување од две години за кривично дело од член 257 став 2 од КЗ на РМ (“Оштетување или повластување на доверители”).
Против него се поднесени и ДВЕ кривични пријави за коишто нема податок дали завршиле со пресуда, и тоа:
До ОЈО Тетово на 24. 02. 1999 година е поднесена Кривична пријава по член 247 од КЗ на РМ (“Измама”); и
До ОЈО Тетово на 07. 12. 2005 година е поднесена Кривична пријава по член 247 став 4 од КЗ на РМ (“Измама” – од значителна вредност).
За него се водела и кривична постапка за кривично дело по член 366 став 1 од КЗ на РМ (“Лажно пријавување на кривично дело”), којашто од страна на Основниот суд во Тетово е ЗАПРЕНА на 08. 07. 2013-та година.
Исто така, предложениот за министер без ресор, Аднан Ќахил добил кривична пријава на 25 декември 1995 година за сторен царински прекршок.
Идниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески има кривична пријава за кривични дела загрозување на безбедноста во сообраќајот, и за кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа од 19 февруари 1997 година.
Потпретседателот на социјалдемократите, човекот кој треба да се грижи за безбедноста на граѓаните но и за реуларно одвивање на изборните процеси, Оливер Спасовски, заедно со Вице Заев, се осомничени за изборни измами. Станува збор за сомненија за нелегално финансирање на кампањата и корупција при изборниот процес, односно купување на гласови или правно влијание врз волјата на гласачите. Првичните сознанија на истражните органи се дека во прашање се илјадници гласови, а што се однесува, пак, до сумите кои фигурираат засега информации велат дека стануба збор за стотици илјади евра. Освен парите, се проверува и поврзаноста и нудењето на разни други услуги во замена за гласови, како условување со вработувања, тендери преку кои потоа се финасирала кампањата и разни активности преку т.н. невладин сектор. Неофицијално, изворите од истрагата за „Нетпрес“ велат дека Вице Заев наводно бил фатен како дели пари на ромското население во Турското маало во Струмица, и дека за тоа имало и докази.
За случајот од 2014 година, медиумите објавија дека Обвинителството одзело компјутери од општината Струмица, за кои се претпоставува дека содржат податоци корисни за истрагата.
Новата влада на мандатарот Зоран Заев ќе ја сочинуваат:
Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања (бизнисмен)
Хазби Лика, вицепремиер за спроведување на рамковен договор (ДУИ)
Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции (ДУИ)
Радмила Шеќеринска, министер за одбрана (СДСМ)
Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи (СДСМ)
Драган Тевдовски, министер за финансии (СДСМ)
Никола Димитров, министер за надворешни работи (независен)
Рената Десковска, министер за образование и наука (СДСМ)
Горан Сугарески, министер за транспорт и врски (СДСМ)
Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (СДСМ)
Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (СДСМ)
Мила Царовска, министер за труд и социјална политика (СДСМ)
Роберт Алаѓозовски, министер за култура (СДСМ)
Крешник Бектеши, министер за економија (ДУИ)
Булент Салиху, министер за правда (ДУИ)
Садула Дураку, министер за екологија (ДУИ)
Арбен Таравари, министер за здравство (ДР-ДПА)
Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа (НДП)
Министри без ресор:
Рамиз Мерко (ДУИ)
Едмонд Адеми (СДСМ)
Роберт Поповски (СДСМ)
Зоран Шапуриќ (ЛДП)
Зорица Апостоловска (НСДП)
Аднан Ќахил (ТХП)
Самка Ибраимовски (ПЦЕР)
Така, идниот премиер Зоран Заев, во врска со сторен криминал, се споменува во низа случаи: а Глобал, Пуч, Цареви кули, Поткуп, Струмица гас, има кр
Пронајдете не на следниве мрежи: