10 локални мрежи од Македонија и Србија, за поддршка на политики и услуги на мигрантите одржаа регионална средба во Белград. Претставниците на овие мрежи дискутираа за потребата од мониторинг на политики и услугите на локално ниво, во градовите, дел во Македонија, Скопје, Куманово и Гевгелија, како и во Србија, поточно во Прешево, Врање, Белград, Шид, Суботица и Сремска Митровица. Членовите на мрежите се претставници на институции, центри за социјална работа, образовни центри, агенции за вработување и здруженија на граѓани.„Во Македонија и Србија важно е да разбереме дека институциите меѓу себе потребно е да соработуваат бидејќи има мал број на лица кои побарале азил а на истите треба правните регулативи да им се овозможат за да имаме нивна квалитетна интеграција. Ние на средбата се договоривме дека ќе ја следиме состојбата на локално ниво и ќе бидеме коректор на институциите за да се подобри политиката за соживот во градовите“ велат од Здружение на правници на Република Македонија.
Како позитивен пример се посочи општината Врање, кои имаат позитивна пракса за подршка на процесот на интеграција на мигранти, каде важна улога се одиграла соработката на локалната мрежа со општината. Споредбено со Србија која има 3.500 мигранти, Македонија има околу 40 мигранти, која е со далеку помал број лица од соседите, распоредени во општините Скопје, Куманово и Гевгелија.
Во тек се спроведува истражување на состојбата на мигрантите во Македонија и Србија, со особен осврт на жените и децата мигранти, кое ќе биде презентирано до крајот на годината.
Проектот Создаваме заедно: мониторинг и застапување на заедницата е дизајниран врз основа на консултации во клучни засегнати страни во овој процес на миграција и е имплементиран од Фондацијата Конрад Аденауер, Здружението на правници на Република Македонија и Здружението Атина од Србија со финансиска поддршка од Европската Унија.„Во Македонија и Србија важно е да разбереме дека институциите меѓу себе потребно е да соработуваат бидејќи има мал број на лица ко