Британската агенција, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, пренесе дека се регистрирани сигнали, меѓутоа, не се доволни за да се утврди локацијата на авионот и неговата техничка состојба. Комуникациски сателити регистрирале слаби електронски сигнали од авионот “Боинг 777-200”, кој исчезна од радарот минатата сабота, пренесува Ројтерс.
Британската агенција, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, пренесе дека се регистрирани сигнали, меѓутоа, не се доволни за да се утврди локацијата на авионот и неговата техничка состојба.
Според овој извор, сигналите потекнуваат од системот за одржување неуспеси, кои беа подготвени да комуницираат со сателити во случај на потреба, но врската не може да се утврди, бидејќи “Малезија ерлајнс и другите не беа претплатени на комплетна услуга за решавање на проблемите.”
Ројтерс вели дека два извори запознаени со истрагата за исчезнувањето на авионот пред пет дена, изјавиле дека компанијата “Боинг” и “Ролс-Ројс” не добиле никакви информации за одржување на авионот откако пилотите го оствариле последниот контакт.
Последниот контакт со контролата на летот на авионот ја имале кога тој бил 120 наутички милји од источниот брег на малезискиот град Кота Бару.
Врската со авионот на “Малезија ерлајнс” (Malaysia Airlines), со 227 патници и 12 членови на екипажот, ја изгубиле околу два часа по полетувањето од главниот град на Малезија, Куала Лумпур 7. март во Пекинг.
Во потрага по авионот ангажирани се и морнарицата на Малезија, Кина, Сингапур, Виетнам, Филипини, Индонезија, Индија и САД.
Портпаролот на Белата куќа Џејмс Карни изјави дека на основа на некои прелиминарни нови информации може да се покрене понатамошно пребарување во Индискиот Океан.
“Се консултираме со партнери од светот за соодветни средства за распоредување”, рекол тој.
Асошијетед прес известуваат дека малезиската влада денес ја прошири нивната потрага западно кон Индија. Комуникациски сателити регистрирале слаби електронски сигнали од авионот “Боинг 777-200”, кој исчезна од радарот минатата сабота, пренесува Ројтерс