Филипинскиот претседател Родриго Дутерте му вети на народот дека ќе се реши од криминалците и трговијата со дрога поради која умираат повеќе илјади луѓе.Меѓутоа, под тоа не мислел дека ќе ја земе работата во свои раце, туку предложи граѓаните да ги убиваат дилерите, а за возврат ќе добијат богати парични награди.
Во текот на минатиот месец на улиците Филипините се пронајдени најмалку 300 безживотни тела. Некои дилери биле убиени од полицајци, додека други ги усмртиле луѓе кои живеат на различни места во оваа земја.
Инаку пред неколку месеци, Роберто ги повика граѓаните кои поседуваат оружје да пукаат во дилерите на дрога кои се спротивставуваат на апсење, а поради тоа ќе бидат доста добро наградени.
Тој во својот говор, кој го пренесуваше националната телевизија, предупреди на доста застапената трговија со наркотици во таа земја, во која е и полицијата вклучена.
„Ако дилер се спротивставува на апсење или одбива да дојде во полициска станица и ги загрозува граѓаните со пиштол или нож, пукајте во него и ќе ви дадам медал“, наведе тој.
Дутерте побара од три полициски генерали во престолнината Манила да поднесат оставки поради вмешаност во злосторства, но не прецизираше точно какви.
Роберто во текот на својата претседателска кампања ветил дека најмалку 100.000 наводни криминалци ќе бидат уапсени или убиени, а на улиците на Филипините во последно време може да се видат тела кои лежат во локви крв.
Убиените луѓе се дилери или припадници на полицијата за кои постоеле сомневања дека се поврзани со наркотици, па ги усмртиле.
Претседателот Роберто рекол дека секој кој ќе усмрти личност врзана со дрога, ќе биде богато награден. Доколку убијат дилер ќе добијат 56.000 долари, за луѓето кои се под дилерите 28.000 долари, а за малите трговци 1.400 долари.
Многу официјални лица се побуниле и кажале дека оваа крвава акција мора да престане.Меѓутоа, под тоа не мислел дека ќе ја земе работата во свои раце, туку предложи граѓаните да ги убиваат дилерите, а за возврат ќе добијат богати па