Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска го посети подрачното основно училиште „Јонче Кржески“ во струшкото село Мислешево, каде со средства од ресорното Министерство беше сменет кровот.Во следниот период, Ристовски најави реализација и на други активности во ова училиште, меѓу кои и промена на прозорците и вратите и реконструкција на фасадата во централното ОУ „Јосип Броз Тито“.
– Во ова училиште ништо не е инвестирано во изминатите без малку 40 години. Од 1979 година кога е изградено учлиштето ова е прва покрупна инвестиција. Министерството за образование и наука инвестираше скоро 2,5 милиони денари во реконсктрукција на кровот. Поставен е нов кров, односно целосно е заменет стариот азбестен, изјави Ритовски.
Реализацијата на проектот, според него, е на барање на управата на училиштето. Струга и струшко, најави дека остануваат во фокусот на Владата и на МОН и во 2016 година.
– Во 2016 Струга и струшко остануваат во фокусот на МОН и Владата. Во завршна фаза е изборот на најдобар понудувач за изградба на спортската сала во селото Драслаица. Ќе се гради и голема спортска сала во централното основно училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, дел од проектот на Министерството за образоване и наука за изградба на 145 спортски сали, најави Ристовски во рамките на посетата на Струга и Струшко.
Директорот на централното училиште „Јосип Броз Тито“ Тони Савески, информира дека промената на кровот во подрачното училиште значи многу за 122-те ученици од прво до деветто одделение и за вработените.Во следниот период, Ристовски најави реализација и на други активности во ова училиште, меѓу кои и промена на прозорците и вратите и реконструкција