недела, 29 ноември 2026
Најново

Реконструкција на спортското игралиште во населбата „Даме Груев“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општината Ѓорче Петров деновиве го реконструираше повеќенаменското спортско игралиште во населбата „Даме Груев“, кое е изградено само пред две години.Иако овој спортски храм е изграден по барање на граѓаните, како што велат од општината, за кратко време беше руиниран.
– Искршени беа стативите и обрачите од кошевите, а посебна опасност претставуваше честото кршење на орманчето за струја. По согледување на направените штети од корисниците на игралиштето, општината превзеде акција за отстранување на истите. Заменета е искината мрежа во должина од 160 м2 и поставена е и дупла арматурна мрежа зад головите. Заменети се стативите со метални и поставени се и нови обрачи на кош-таблите. Извршени се интервенции и на орманчето за струја со замена на склопките и истото е заштитено со метална мрежа, се наведува во соопштението од општина Ѓорче Петров.
Од општината апелираат до граѓаните во иднина игралиштето за мал фудбал, кошарка и ракомет да се чува затоа што тоа е собиралиште на младите од овој дел на Ѓорче, но со намерно оштетување ќе им се ускрати можноста за спортување. Игралиштето има и рефлектори и може да се користи и во ноќните часови.Иако овој спортски храм е изграден по барање на граѓаните, како што велат од општината, за кратко време беше руиниран.
– Искршени беа

Поврзани вести