Дистрибуција со топлина Балкан енерџи сака да ја информира јавноста дека реализацијата на проектот за модернизација и ревитализацијата на дистибутивната топлинска мрежа, која во еден дел се одвива и на територијата на Општина Центар, е сѐ уште во тек.Додека не завршат сите потребни активности, вклучувајќи и неопходно тестирање на системот, избрзано би било секакво враќање на теренот во првобитна состојба. Се разбира, тоа би следувало откако ќе завршат сите неопходни и планирани зафати, кои се одвиваат согласно регулативата од оваа област.
Инаку, во текот на оперативната изведба, екипите на ангажираните изведувачи на работите, наидоа на непредвидени препреки, како и неплански поставени подземни инсталации, чие санирање одземаше дополнително време, надвор од предвидениот рок.
За да не се предизвика подолготраен застој во сообраќајот и да се овозможи слободно движење на граѓаните, компанијата изврши привремено санирање на теренот, со тоа што откако ќе завршат сите предвидени работи на реконструкцијата на мрежата се обврза дека ќе изврши и трајно враќање на теренот во првобитна состојба. Ваквата обврска компанијата ќе ја исполни во најкраток можен рок.
Сите надлежни институции, вклучувајќи ја и Општина Центар, беа благовремено и точно информирани за целиот проект и оттаму сме изненадени од констатацијата за наводно наше самоволие. И покрај тоа, Дистибуција со топлина Балкан енерџи останува на ставот дека во законски утврдените рокови ќе ги исполни сите преземени обврски и при тоа сме подготвени за настанатите недоразбирања со Општина Центар да најдеме соодветно решение преку дијалог.Додека не завршат сите потребни активности, вклучувајќи и неопходно тестирање на системот, избрзано би било секакво враќање на теренот во