За разлика од останатите компании, Meizu и уште некои кинески гиганти применуваат уникатна маркетинг стратегија. Не се произведуваат милиони единици од телефонот, туку, на пример, само 100,000 кои потоа се продаваат за рекорден број…Ова се нарекува „hunger marketing“, каде што потрошувачот согледува дека уредот доаѓа во ограничени количини и има уште поголем мотив да го купи. Заради тоа, компанијата успеа да продаде 100,000 единици од телефонот M1 (вкупниот обем на производство) за помалку од 60 секунди. Meizu тврди дека сите нарачки се проверени и легитимни.
Телефонот е навистина импресивен за својата цена. За сума помала од 100 евра, добивате уред со 5 инчен екран со HD резолуција (1280 x 768 пиксели), а во внатрешноста се наоѓа quad-core MediaTek процесор кој работи на 1,5GHz, поседува 64 битна архитектура, а е надополнет со 1GB RAM меморија.
Повеќе на:gsm.mkОва се нарекува „hunger marketing“, каде што потрошувачот согледува дека уредот доаѓа во ограничени количини и има уште поголем мотив д